Daily news
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Таравари вршат вистински масакр во македонското здравство
СДС и Таравари вршат вистински масакр во македонското здравство, а од здравствените установи прават семејни фирми на неколку фамилии блиски до власта, обвини Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
„По назначувањето на митаџиите од типот на Нетковски, Барбов и Докиќ за директори на скопските клиники, СДС се оддолжува и кон белата мафија именувајќи ги Елена и Христијан Костови и Ирина Пановска за директори на едни од најголемите здрaвствени установи во државата. Кога граѓаните помислија дека виделе сè од СДС, СДС е тука да ги демантира. СДС и Таравари ја именуваа Софија Пејкова, снаа за син на сопственикот на веледрогеријата ‘Адрија мед’, Коле Пејков, за директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија“, рече таа.
СДС и Таравари, вели таа, го ставаат здравството под капата на белата мафија, кои се преплетени во пријателски врски со врвот на СДС.
„Таравари со своите именувања за директори на лица осудени криминалци, фатени митаџии и членови на најтесното семејство на сопственици на веледрогерии ѝ порачува на јавноста дека не сака професионализација на здравството, туку преклопување на здравството со кадри блиски до власта, поврзани во фамилијарни бизнис-шеми со врвот на СДС“, изјави Андоновска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
