Контакт

Daily news

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на незаконски начин разреши дури 60 директори на здравствените установи

Објавено пред

Неодговорната влада на СДС влегува од скандал во скандал. Масакрот во македонскиот здравствен систем што го спроведува неспособниот СДС добива загрижувачки димензии врз потребите и здравјето на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Досега СДС успеа на незаконски начин да разреши дури 60 директори на здравствените установи, со што ги руши професионалноста и функционалноста во здравствениот систем за на нивно место да постави партиски послушници, од кои некои се докажани митаџии. Со назначување на новиот директор на Клиниката за уво, нос и грло, Јане Нетковски, кого јавноста го виде како го апсат за мито и за кого беше поднесена кривична пријава, првиот човек на Пулмологија, Дејан Докиќ, кој има судска пресуда за примање поткуп во висина од стотици евра кои биле пронајдени кај нег, со цел да издејствува преглед на пациент и Иван Барбов, назначен за директор на Клиниката за неврологија, обвинет во судскиот случај „Метастаза“, во кој Барбов заедно со другите осудени посредувал во издавање инвалидски пензии, се воведува целосен хаос и безредие на скопските клиники, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Заедничка карактеристика на овие лица, според ВМРО-ДПМНЕ, се барања поткуп, измами, криминално управување и злоупотреба на должност и овластувања.

– СДС и Заев сакаат да го уништат македонскиот здравствен систем уништувајќи го професионализмот и деградирајќи го професионалниот кадар за на нивно место да назначат докажани митаџии за кои не претставува проблем да извршат уште по некое кривично дело. Граѓаните заслужуваат медицински третман кој во согласност со законот им следува, без притоа да треба да поткупат лекар за да добијат услуга која по закон им следува и која лекарот е должен да ја даде, без притоа да бара мито. Но, со ваквите кадровски решенија СДС им праќа јасен сигнал на граѓаните што би ги очекувало доколку се појават на лекар и побараат здравствена услуга која им следува со закон. Поради ваквата неодговорност и неспособност, СДС ќе се соочи со политичка одговорност на следните локални избори и ќе биде целосно делегитимирана од страна на граѓаните, се додава во соопштението.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Забава6 часа

Најскапата фотографија на денот: „Моќта е во косата“

Една фотографија, двајца фудбалски великани и милиони реакции. Златан Ибрахимовиќ објави фотографија на Инстаграм на која стои лице в лице...

Забава6 часа

Мадона влезе во историјата на Билборд топ листите со новиот албум

Мадона уште еднаш го потврди својот статус на Кралица на попот со освојувањето на првото место на Билборд 200 топ...

Македонија7 часа

Јанев од Кочани: Бегството од полициска станица е сeриозен инцидент, ова е недозволиво

Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности...

Спорт7 часа

ПСЖ сериозно заинтересирани за голманот на Парма

ПСЖ е заинтересиран за голманот на Парма, Заион Сузуки, објавуваат италијанските медиуми. „Газета дело Спорт“ пишува дека двократниот последователен шампион...

Македонија7 часа

(Видео) Спасовски: Навреди кон пратениците на СДСМ, бараме извинување од Гаши

Оливер Спасовски, координатор на СДСМ, изјави дека на денешната седница имало нервоза и навреди кон пратениците на СДСМ и побара...

Спорт7 часа

Родри: не е добра опција да се надигруваме со Франција

Капитенот на европскиот првак Шпанија, пред полуфиналниот натпревар со Франција, на Светското првенство, им порача на соиграчите да бидат претпзливи....

Спорт7 часа

Европскиот првак ќе се засили со Лукас Дињ

Фудбалерот на Астон Вила, Лукас Дињ, ќе стане првото засилување во летниот преоден рок на двократниот европски шампион Пари Сен...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче: Од оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо

Мицкоски нема ниту еден резултат, ова е една реконструкција која е само замена на имиња, едни луѓе со други, oд...

Спорт7 часа

Манчестер Јунајтед донесе фудбалер на Челзи за 58.000.000 евра

Додека ги финишира преговорите со Јури Тилеманс и Астон Вила, Манчестер Јунајтед го официјализираше своето прво засилување за сезоната 2026/27....