Daily news
Возило на ОБСЕ налета на мини во Луганск – еден загинат
Припадник на набљудувачката мисија ОБСЕ во источна Украина загина а друг е повреден кога возилото со кое патувале налетало на мина во регионот на Луганск, соопшти Организацијата за безбедност и соработка во Европа.
Информацијата ја објави на социјалната мрежа Твитер австрискиот министер за надворешни работи и актуелен претседавач на ОБСЕ Себастијан Курц.
„Трагични вести од Украина. Припадник на ОБСЕ загина, а негов колега е ранет. Виновниците ќе одговараат за тоа,“ е напиша на неговиот официјален твитер профил.
Самопрогласеното министерство за безбедност на бунтовниците во Луганск тврди дека мините ги поставиле украинските сили кои веќе три години се борат против бунтовниците во војната во која загинаа речеиси 10.000 луѓе.крај/мф/в.д
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
