Daily news
Војна во најава: САД веќе одбрале потенцијални цели во Северна Кореја
Американски воени избори во разговор за Ен-Би-Си потврдија дека Пентагон веќе има подготвен план за започнување на превентивен напад врз Северна Кореја, кој по заканите од Пјонгјанг дека ќе истрела ракети врз островот Гуам, станува се поизвесен.
Според американските воени функционери, нападот би можел да биде извршен со B-1B бомбардерите сместени токму на Гуам, но удар може да стигне и од копно или од море, во зависност од конечната наредба на претседателот Доналд Трамп.
Американската војска веќе идентификувала дваесетина цели на територијата на Северна Кореја, а меѓу нив се ракетни полигони, места за тестирање и друга инфраструктура поврзана со севернокoрејската ракетна програма.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
