Daily news
Во Европа се појави нова опасна дрога
Во блокот на Европска унија постои растечка закана по здравјето, поради појава на можна нова синтетичка дрога која ги имитира ефектите на хероин и морфиум, соопшти Агенцијата за наркотици на ЕУ.
Во необичниот извештај за наркотици во Европа, кој го објавила, агенцијата со седиште во Лисабон, исто така изразила загриженост поради зголемувањето на смртни случаеви од предозирање во 2016, трета жалосна година во која се зголемил бројот на мртви од тие причини.
Младите се изложени на зголемен број на нови и опасни видови на дрога, кои содржат моќни синтетички опијати, сега достапни и како течности и спрееви за нос, наведува агенцијата.
Во просек, агенцијата идентификувала повеќе од една нова психоактивна супстанца кои пристигале на пазарот на ЕУ секоја недела во 2016.
На крајот од минатата година агенцијата проучувала повеќе од 620 нови психоактивни супстанци кои се појавиле претходните години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
