Daily news
Во експлозија во кинескиот град Нингбо, загинале најмалку двајца
Две лица загинале а 30-ина се повредени во исклучително силната експлозија што денеска се случила во кинеското пристаниште Нингбо, во близината на Шангај.
Експлозијата се случила во близината на фабрика, но засега не се јасни причините. Жителите на градот велат дека експлозијата била толку силна што испукале прозорците на зградите во радиус од еден километар, а земјата се тресела како при земјотрес. Десетици противпожарни екипи биле испратени на местото на експлозијата.
Градот Нингбо е огромен индустриски центар јужно од Шангај, кој служи како важно пристаниште за потребите на кинеската глобална трговија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
