Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираа говорницата, Џафери повика обезбедување

Објавено пред

Бидејќи собранискиот спикер Талат Џафери не му даде збор на пратеникот Антонио Милошоски, сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ излегоа на говорницата и ја блокираа поради што беше повикано обезбедувањето.

Пратениците денеска требаше да расправаат за разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски откако пропаднаа претходните неколку обиди за тоа.

Џафери ја разреши ситуацијата со пауза од десетина минути.

Блокадата се случи кога претходно пратеникот Илија Димовски побара расправата за Зврлевски да се стави во мирување повикувајќи се на примената на член 8-а, став 1, алинеја 4 од Изборниот законик за кој тие вчера побараа мислење од Државната комисија за спречување корупција.

Собраниската седница на која се расправа за разрешувањето на јавниот обвинител почната на 5 јули сè уште е во тек. Според пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е во спротивност со Изборниот законик, според кој од денот на донесувањето на одлуката за распишување избори за градоначалник  или членови на советот, односно до конституирање на советот на општините и градот Скопје, не може да се почне со постапка за вработување нови лица или постапки за престанок на работен однос во државни и јавни институиции, а воедно започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случај на итни и неодложни работи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Македонија5 минути

На покана на Рубио, Муцунски на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“ во Вашингтон

На покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,...

Култура16 минути

„Кајмак“ на Милчо Манчевски, „Поетроника“ и „Ова не е американски филм“ на Скопско лето

Театарската претстава „Сина сенка“ на Независен театар Златен Елец, која требаше да се одржи денес (15.07.2026г. – среда) со почеток...

Култура20 минути

Изложба „Архитектура на невидливото“ од македонскиот уметник Страхил М. Петровски во Македонскиот КИЦ во Софија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија на 16 јули (четврток), со почеток од 18:30 часот, ќе се отвори изложбата „Архитектура...

Култура22 минути

Театар „Златен Елец“ на летни фестивали на Балканот

Во петок (17.7) во склоп на манифестацијата „Скопско лето“ во Лабораториум во Скопје ќе се одигра претставата „Сина сенка“ од...

Спорт22 минути

Ибрахимовиќ го издвои херојот на Шпанија: Ги пали играчите околу себе и гаси пожари

По закрепнувањето од сериозната повреда на предниот лигамент пред речиси две години, шпанскиот играч од средниот ред Родри ја води...

Спорт29 минути

Англија или Аргентина, Шпанија чека во финалето

Англија и Аргентина вечерва во Атланта ќе го одиграа второто полуфинале на 23-то Светско првенство. Мечот во финалето веќе избори...

Забава40 минути

Игор Џамбазов слави роденден: „Кога наполнив 36 не бев баш сигурен дали воопшто ќе доживеам 63“

Нашиот најпознат и најуспешен шоумен, Игор Џамбазов, денеска слави роденден. Тој сподели објава на Инстаграм и вели дека следна цел...

Култура49 минути

„Самец во бракот“ од Мир-Јам објавена на македонски јазик

„Матица македонска“, во превод на македонски јазик го објави романот „Самец во бракот“ од Мир-Јам, едно од најпрепознатливите имиња на...

Македонија53 минути

СДС, ДУИ и Левица се разобличени, не им поминува лошиот политички театар со кој свесно го блокираат Изборниот законик, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ е разобличен, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов...