Контакт

Daily news

Во Украина повеќе нема споменици на Ленин

Објавено пред

Во градовите во Украина кои се под контрола на властите во Киев повеќе нема ниту еден споменик на водачот на Октомвриската револуција, Владимир Илич Ленин, тврди шефот на Украинскиот институт за национално сеќавање, Владимир Вјатрович.

dobivaj vesti na viber

Весникот „Комерсант“ пренесува дека Вјатрович рекол дека можеби по некој споменик може да се најде по селата или во некои претпријатија.

„Според нашите информации, во градовите кои ги контролира Украина повеќе нема споменици на Ленин“, изјавил Вјатрович, кого „Комерсант“ го нарекува „познат идеолог за декомунизација на Украина“.

Според Вјатрович, вкупно се отстранети 2.389 советски споменици, од кои 1.320 на Ленин.

Тој рекол дека повеќето од нив се уништени затоа што станува збор за статуи од гипс кои не претставувале ниту материјална ниту историска вредност.

Статуите од бронза се претопени или предадени на музеи, а неколку се зачувани за Музејот на монументалната советска пропаганда, кој би требало да биде отворен кон крајот на годината во Киев.

Украинскиот закон за осуда на тоталитарните комунистички и национал-социјалистичи режими со кој е забрането истакнување на советски симболи е усвоен во 2015 година. Со него се предвидува отстранување на советски споменици и промена на имињата на објекти, улици или институции, наречени по советски политичари.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

ФОТО:Маја Јаневска Илиева ФОТО:Маја Јаневска Илиева
Македонија11 минути

Над 11 илјади натпреварувачи од 53 држави денеска го трчаат скопскиот маратон

Со повеќе од 11.000 натпреварувачи од 53 држави, денеска се одржува 9. издание на Виз Ер Скопски маратон. Покрај маратонската...

Свет1 час

(Видео) Хаос во Анкара: се слушаат експлозии, има повредени, сите улици се затворени

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека утринава околу 9 часот и 30 минути се случил бомбашки напад...

Македонија2 часа

Токсично млеко и јогурт завршиле во маркетите, а АХВ спие, вели опозицијата

Опозицијата обвинува дека млеко и протеински јогурт со амфлатоксин завршило во маркетите, АХВ спие, се буди само кога ВМРО-ДПМНЕ ќе...

Економија2 часа

Алатка на Народната банка за споредба на надоместоците за платежните услуги кај банките

За прв пат граѓаните можат на брз и едноставен начин да направат споредба на надоместоците за платежните услуги кај банките...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Груби ја ветил коцкарската индустрија на Черепот, близок до Пригожин и Москва?

Дали Груби ја ветил коцкарската индустрија на Черепот, близок до Пригожин и Москва, мафијаш во притвор?! – прашува ВМРО-ДПМНЕ. „Огласот...

Регион3 часа

Денеска погреб на убиените Срби во Бањска

Тројцата Срби кои минатата недела беа убиени во Бањска, Стефан Недељковиќ, Бојан Мијаиловиќ и Игор Миленковиќ, денеска ќе бидат погребани...

Топ3 часа

Кривична пријава за скопјанецот кој запали стан во Хром за да прикрие убиство

МВР поднесе кривични пријави против две лица од Скопје за “убиство” и “тешки дела против општата сигурност”, на кој им...

Регион3 часа

Лондон повика на дијалог меѓу Белград и Приштина

Државниот министер за Европа во британското Министерство за надворешни работи, Лео Дочерти, изрази задоволство што британските сили ќе придонесат за...

Регион17 часа

Тензиите растат: борбени возила на српската армија во околината на Прокупље, се упатуваат кон внатрешноста на централна Србија

Колона борбени возила на Војската на Србија денеска повторно е забележана, овојпат во околината на Прокупље. Репортерите на српски Курир...

Регион18 часа

(Фото) Проценките достигнаа 5 милијарди евра: Грција ги сумира штетите од разорните поплави

Во Грција се сумираат штетите од разорните поплави што го погодија централниот дел на земјата поради невремето Даниел на почетокот...

Македонија19 часа

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Припадниците на Армијата на Македонија кои се дел од мултинационалните сили на НАТО во Бугарија се на ниво на задачата,...

Македонија20 часа

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски е против Законот за амнестија кој го предлага Владата. „Апсолутно не е соодветно ниту...

Економија21 час

За доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните давачки во октомври и ноември оти тогаш производството е најголемо, вели Николовски

Министерот за земјоделие Љупчо Николовски денеска објасни дека за доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните царински давачки во...

Македонија21 час

Меџити: глукомерите се безбедни, отсега нема да доцнат лековите

„Додека сум министер, отсега натаму нема да се случи да доцни тендерирање или јавни набавки за лекови, освен во случај...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ објави документи за токсично млеко и јогурт, бара одговрност од Агенцијата за храна

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција објави документи во врска со информациите дека во Македонија се увезува млеко кое содржи афлатоксин....

Економија23 часа

ЕСМ ги повика потрошувачите да проверат дали објектите се подготвени за грејна сезона, а не кажува дали ќе ги намести цевките под Беласица

ЕСМ ги повикува потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната грејна инсталација, да овозможат пристап на екипите на компанијата до...

Македонија24 часа

Заев: време е за нов македонски успех

Екс премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук по повод петгодишнината од референдумот напиша дека 30 септември 2018 година е...

Економија1 ден

Нови цени на горивата

Од денеска малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намали за 2 денари, додека цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95,...

Македонија1 ден

Петровска – Тагaрeв: соработката во одбраната може да биде позитивен пример како да се развиваат односите меѓу двете држави

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Ново Село, Бугарија ќе ги посети припадниците на Армијата на Република Северна Македонија...

Македонија1 ден

Пендаровски ја додели специјалната награда „Камера 300“ на кинематограферот Шејмус Мек Гарви

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и се обрати на затворањето на 44. издание на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“...