Контакт

Daily news

Втора премиера на „Ах љубов моја“ на Коле Ангеловски

Објавено пред

Во рамките на Скопје филм фестивал, во петок вечер својата втора премиера на годинашното издание ја имаше новиот македонски игран филм „Ах љубов моја“, на режисерот и сценарист Коле Ангеловски.

Пред полната сала на киното „Милениум“ Ангеловски ја претстави својата екипа велејќи дека се работи за настан од „фамилијарен“ тип. А публиката ја поздрави екипата со силен аплауз

Ова е трет игран филм на Ангеловски, првиот беше „Колнати сме, Ирина“ во 1973, а овој доаѓа 29 години по култната комедија „Викенд на мртовци“. Ангеловски рече оти се надева дека оваа нова македонска комедија ќе ја освежи домашната кинопублика.

Во главите улоги ги видовме младите актери Нина Деан, Атанас Атанасовски, Александар Микиќ , Соња Стамболџиева, Роберт Ристов, Жарко Димоски, Крсте Јовановски, како и Марија Кондовска, Ердоан Максут, Кристина Ласовска, Валентин Костадиновски, Ева Скендеровска, Едмонд Сотир, Андон Јовановски.

Директор на фотографија е Роберт Јанкулоски. Сценограф е Илина Ангеловска. Костимографи се Лира Грабул и Раде Василев. Монтажата е на Блаже Дулев. Дизајнер на звукот е Дарко Спасовски – Пацки. Музиката е на Венко Серафимов и Џенгиз Ибрахим.

Синоќа, Кинотеката на Македонија беше претесна за сите деца и родители кои дојдоа да ја видат новата Детската програма што се реализира во соработка со Здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината птица“ од Скопје.

Годинава, преку програмата „Креираме заедно“, за прв пат во конципирањето на фестивалската програма беа вклучува и учениците со и без попреченост од осум инклузивни училишта од Скопје, Тетово и Струмица, а вчера вечер беа прикажани завршните продукти од работилниците за фотографија, видео запис и плакат за детската програма .

Во фоајето се изложени фотографиите и цртежите што ги изработија учениците, меѓу кои и цртежот на една ученичка кој потоа, Ване Костуранов го адаптираше во плакат за годинешното издание на фестивалот. А плакатот за детската програма е резултат на идејните решенија на деца со и без попреченост во развојот.

„Креираме заедно“ го создадовме за да покажеме дека талентите на учениците со попреченост се тука, покрај нас, подеднакво важни и моќни но недоволно препознаени, неизразени, тивки.

Во „Креираме заедно“ ние се обидовме да им дадеме лице и глас на нивните дарби и покажавме дека внатрешниот свет на луѓето со и без попреченост не е толку различен. Со овој проект сакаме да иницираме и поинаков начин на вклучување на луѓето со попреченост во културните манифестации не само како пасивни реципиенти туку и како креатори на културните содржини“, рече Мимоза Петреска Георгиева, претседател на здружението „Сината птица“.

Софи Бомон, програмски менаџер за образование и родова еднаквост и одговорна за прашања поврзани со попреченсот во Делегацијата на Европската унија, рече дека настаните од овој тип се многу важни бидејќи со поврзувањето на медиумите, уметноста и децата со попреченост се гледа што се’ тие можат да дадат и кој начин можат да се изразат.

„Навистина е значајно и тоа што овој проект е регионален и дел од овие цртежи и филмови ќе бидат прикажани во регионот преку културната размена. Ова е особено важна порака која ја шириме кога станува збор за унапредувањето на правата на луѓето со попреченост“, рече Бомон

Елсбет Ериксон, заменик претставник на УНИЦЕФ, рече дека е особена гордост да се биде дел од овој настан, затоа што тој покажува дека децата со попреченост носат во себе огромен потенцијал.

„Сите деца се еднакви, едно општество не е општество рамноправно доколку сите негови членови не се рамноправни, доколку не се вклучени сите деца, заедно со децата со попреченост. А тоа не може да се случи доколку не се менува средината во поддршката на нивното учество, креативноста. За та се работи во овој проект – да се создадат можности за креативноста на децата да се изразат, да се здружат и да ги менуваат работите. Овде има многу родители, а некои се родители на деца со попреченост и најважното за сите родители што може да ги научите своите деца на една многу зачајна вештина а тоа е самозастапување, за да можат да зборуваат во свое име.“, рече Ериксон

По проекцијата на видеата што ги изработуваа децата од инклузивните училишта и кратките детски филмови, се одржа дебата на тема Креативноста – прозорец кон светот на различностите“, на која учествуваа Снежана Матовска и Доминика Кардула, мајки на деца со попреченост и Јане Алтипармаков, режисер кој децата ги водеше во работилниците за видео записи. Модератор беше Ана Јовковска.

„Во Македонија нема системска поддршка за откривање и стимулирање на креативноста кај децата со попреченост, а сè се сведува на ретки ентузијасти меѓу уметниците и креативците, беше речено на дебатата.

Матовска раскажуваше дека имале среќа што сретнале одличен тренер по карате, па така сега Цако има кафен појас и како тој првично немал афинитет кон танцот, но откако работел со инструкторката од “Дансерс јунајтед“, сега танцува најдобро од сите во семејството.

Кардула го потенцираше фактот што кај нас се уште нема никакви обуки како да се работи со децата со аутизам Проектот се имплементира со поддршка од Европската Унија, како дел од програмата „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција“, а е кофинансиран и спроведен од страна на УНИЦЕФ.

Детската програма продолжува и вечерва во Кинотеката на Македонија од 19,30 часот.

Во недела во Скопје пристигнува специјалниот гостин на фестивалот, Јан Харлан, извршниот продуцент на славниот Стенли Кјубрик, по повод првата македонска ретроспектива на еден од најголемите светски режисери.

По проекцијата на филмот „Пеколен портокал“, во киното Милениум, Харлан ќе одржи кратко предавање и ќе одговара на прашања од публиката. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија3 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија4 часа

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет5 часа

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија8 часа

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија9 часа

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија11 час

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија11 час

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет11 час

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа13 часа

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Спорт13 часа

Италијански судија убиен во својот дом

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во...

Македонија14 часа

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Македонија14 часа

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти. Меѓу починатите вчера...

Свет14 часа

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија15 часа

Собраниска седница за избор на заменик-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменик-министри во Владата....

Македонија15 часа

Пендаровски: Неопходни се силни Обединети нации, реформирани и прилагодени на новата реалност

Претседателот Стево Пендаровски преку видеопорака се обрати на настанот на високо ниво, што по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата...

Македонија16 часа

Димитров во прва работна посета на Брисел од формирањето на новата Влада

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, што всушност е...

Македонија1 ден

Игор Јанушев се повлече од функцијата

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра нови членови на Извршниот комитет на партијата. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира,...

Македонија1 ден

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Досие