Daily news
Вучиќ: Доколку Србите сакаат бајки, тогаш да гласаме за браќата Грим
По разговорите со американскиот дипломат Хојт Брајан Ји, српскиот премиер Александар Вучиќ како шпекулации ги оценил тврдењата дека заменик помошникот државен секретар не ја претставува актуелната американска администрација, пренесуваат српските медиуми.
„Тоа се бесмислици. Со целосна одговорност, поради тоа што ги претставувам граѓаните на Србија, го примив Хојт Ји, бидејќи тоа е важно за нашата земја, а бидејќи ми се допаѓа или пак поради тоа што се познаваме долго“, рекол Вучиќ.
Тој истакнал дека Хојт Ји е официјален претставник на САД, а дека на луѓето на кои мислат и кои биле убедени дека американските политика ќе се промени по изборот на Доналд Трамп за претседател, Вучиќ им порача дека „американската политика има континуитет и се знае што не може да се промени“.
„Доколку Србите сакаат бајки, дека тој не претставува никого и дека сите ние сме будали што разговораме со него, тогаш да гласаме за Ханс Кристијан Андерсен или браќата Грим. Премногу сум рационален за да учествувам во тоа. Избран сум за да водам една приземјена Србија на одговорен начин, а не да кажувам бајки за српските таблоиди“, порачал српскиот премиер./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
