Daily news
Георгиевски: Силна поддршка за малите и средните претпријатија и нов трговски центар во Маџари
Општина Гази Баба има голем потенцијал за економски раст, но досега тој беше многу малку искористен. Досегашната локална власт беше незаинтересирана да ги поддржи малите и средните претпријатија и да овозможи нивен развој и нови вработувања, рече кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба од СДСМ, Борис Георгиевски.
„Ние ќе ја активираме спиралата на покачување на платите. Ќе им дадеме директна поддршка на домашните претпријатија, ќе вложуваме во младите, ќе отвориме центри за почнување и развој на бизниси. Ќе ги здружуваме бизнисите, општината и граѓаните, со единствена цел – нови и подобро платени работни места. Но, нема да ги изоставиме и странските инвеститори. За нив ќе обезбедиме еднакви услови како и за домашните, со што ќе внесеме повеќе пари во општините, повеќе пари и можности за секој граѓанин на локално ниво“, порача Георгиевски.
Стопанствениците што сè уште својата дејност ја вршат во дуќани на главната улица, конечно ќе добијат соодветни простории во новиот трговски центар во Маџари 1. Така ќе се обезбеди организирана и безбедна трговија преку која дуќанџиите ќе се насочат на една локација.
По 29, општината заедно со централаната власт ќе биде фокусирана на економскиот развој, а парите ќе се вратат кај граѓаните, додаде Георгиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
