Daily news
Германија на чекор од забрана на бурките за јавните службеници
Долниот дом на германскиот парламент одобри нацрт закон со кој на јавните службеници, војниците и судиите им се забранува да носат бурка на работното место. Повеќе од милион миграмти, меѓу кои многу муслимани од Блискиот исток, дошле во Германија во последните две години, по што се зголеми и загриженоста за нивната интеграција.
Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезијер изјави дека овој закон би придонел за интеграцијата.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
