Daily news
Голем раст на приходите на Фејсбук
Компанијата Фејсбук годинава бележи сериозен раст на приходите, а само во последниот квартал нејзината чиста добивка изнесува 3,9 милијарди долари, што е за 71 процент повеќе од претходната година.
Овој раст претставува продолжување на трендот за преусмерување на парите од телевизиските огласи кон огласување на веб и мобилни платформи, од што токму Фејсбук има најголема добивка.
Покрај Фејсбук значителен пораст на приходите имаат Снапчет и Јутјуб, социјални мрежи кои секојдневно привлекуваат милиони посетители.
За разлика од нив Твитер забележува пад на добивката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
