Daily news
Градоначалникот на Гевгелија дециден – резултатите од референдумот мора да се почитуваат
Градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов за Макфакс изјави дека референдумот е облигаторен за локалната самоуправа и дека истиот мора дасе почитува и од идните структури во општината. Гевгелија речиси празна по улиците, може да се забележат само постари лица, додека ликалите се полни со ученици.
На прашање од Макфакс, за тоа како е еден ден по референдумот, тие велат дека по објавувањето на резултатите, донеле исправна одлука за нив и нивните сограѓани.
Иницијаторот на иницијативата за „Спас на Гевгелија“, Ангел Наков, вели дека е горд со своите сограѓани и дека тие на најдемоксратки начин донеле најправилна одлука.
Ова е втор референдум од локален карактер во Македонија, каде право да се изјаснат имале 19. 459 луѓе, од нив 99 отсто се изјаснија против отворање на нови рудници, а само 1 процент гласале позитивно.
Целата атмосфера од Гевгелија, подоцна ќе биде пренесена со видео материјал.
Кристијан Ландов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
