Контакт

Daily news

Градоначалникот на Загреб во посета на „Алкалоид“

Објавено пред

Делегација од канцеларијата на хрватската метропола, предводена од градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, во рамките на посетата на Скопје за време на УЕФА Суперкупот 2017 oствари работна посета на „Алкалоид“ AД Скопје.

За време на работната средба, Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на УО на „Алкалоид“, го запозна Бандиќ со работењето и резултатите од работењето на „Алкалоид“ АД Скопје, како и со деловните операции на компанијата на хрватскиот пазар, каде што производите на „Алкалоид“ се присутни речиси половина век.

По обиколката на производните капацитети на „Алкалоид“ АД Скопје, Милан Бандиќ изјави: „Кога една компанија успеала цели 8 децении да се одржи на европскиот и да допре до светскиот пазар, тогаш нејзин главен гарант е единствено високиот квалитет. Навистина сум воодушевен од она што имав можност да го видам во производните погони на ‘Алкалоид’ и сега ми е сосема јасно зошто кога ме боли глава, веднаш посегнувам по ‘кафетин’“.

Од кабинетот на загрепскиот градоначалник истакнаа дека бизнис и пријателските релации помеѓу Мукаетов и Бандиќ, пред сѐ, се базираат на заедничката страст што ја имаат кон работата и грижата кон вработените како неизбежен предуслов за напредок и успех.

Како тема на разговор во рамките на агендата на работната средба беше и претстојното сениорско Европско ракометно првенство 2018 во машка конкуренција, кое во јануари в година ќе се одржува во Хрватска. На првенството, чии натпревари ќе се играат во 4 града, македонските ракометни сениори боите на Македонија ќе ги бранат во градот Загреб. Од позиција претседател на Ракометната федерација на Македонија, Мукаетов побара логистичка поддршка од домаќините имајќи го предвид огромниот интерес кај македонските ракометни фанови за следење на овој спортски спектакл од трибините на „Арена Загреб“, како и искуството од 2009 година кога македонската фаланга ги зазеде Вараждин и Задар за време на Светското ракометно првенство.

Неодамна Милан Бандиќ го почна својот шести мандат како челник на градот Загреб. Меѓу загрепчаните тој е познат како реформатор за време на чие раководење градот доживува економска и културна ренесанса. Меѓу другото, во низата инфраструктурни проекти реализирани под негова палка се вбројува и комплексот „Арена Загреб“, кој симболично е пуштен во употреба токму со ракометна пресметка.

Мукаетов и Бандиќ заедно го проследија натпреварот од УЕФА Суперкупот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед на трибините на ВИП-арената „Филип Втори“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Свет6 часа

Трамп до американските телевизиски станици кои не го емитуваа неговото обраќање: Треба да им бидат одземени лиценците

Две од трите главни американски телевизиски мрежи, NBC и ABC, како и CNN, не го емитуваа обраќањето на Доналд Трамп...

Свет7 часа

Пекинг: Кина нема интерес да влијае на американските избори

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, денес изјави дека Кина ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд...

Свет7 часа

Повеќе од 50 куќи уништени во пожар во Норвешка

Повеќе од 50 куќи беа уништени во пожар што избувна денес во близина на градот Драмен во јужна Норвешка, но...

Свет7 часа

(Видео) Канадските пожари ги зафатија Вашингтон, Чикаго, Детроит: постои загриженост пред финалето на Светското првенство

Околу двесте пожари надвор од контрола горат низ Канада, а чадот што се шири од овие пожари, исто така, зафати...

Свет8 часа

Девојче во Италија почина откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот

Единаесетгодишно девојче почина во болница откако косата ѝ се заглави во одводот на базенот во Сестри Леванте. Девојчето, идентификувано како...

Црна хроника8 часа

Загина 54-годишен маж од Прилепско: се превртел со тракторот

Синоќа во 20:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с. Подмол, прилепско, бил пронајден превртен трактор,...

Свет8 часа

Eвропа крева штит: Мерц и Макрон ги здружија силите против Кина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон денес ветија дека ќе ја продлабочат одбранбената соработка и ќе се...

Македонија8 часа

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди?

Најавата за изградба на Национален дата центар отвора важно прашање на кое засега нема јасни одговори. Министерот за дигитална трансформација...

Македонија9 часа

Левица по труењето во Гостивар: Време е да се признае колку државата назадува од Југославија наваму

По актуелната состојба во Гостивар, каде повеќе од илјада граѓани побарале лекарска помош, а поради сомнеж за неисправна вода за...