Контакт

Daily news

Гризман: Јуве ќе ја освои ЛШ, а Буфон „Златната топка“

Објавено пред

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, прогнозира дека Јувентус ќе ја освои Лигата на шампионите и дека престижната награда „Златна топка“ ќе заврши во рацете на Џанлуиџи Буфон.

Јувентус и Реал на 3 јуни во Кардиф ќе го играат финалето во Лигата на шампионите. Реал ја брани титулата, додека Јувентус ќе се обиде да го освои првиот трофеј по сезоната 1995/1996.

„Јувентус ќе ја освои Лигата на шампионите, што значи дека Буфон ќе ја добие Златана топка“, изјавил Гризман за шпанските медиуми.

Реал беше тимот кој го запре Атлетико во полуфиналето, поради што тимот на Диего Симеоне не успеа да го повтори минатогодишниот успех, кога стигна до финалето.

„Пораз во финалето повеќе боли. Размислуваш како ќе го кренеш пехарот, а кога ќе го загубиш натпреварот се чувствуваш лошо“, дополнил Гризман.

Атлетико и наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите бидејќи во првенството го обезбеди третото место.

„Не ги освоивме трофеите кои ги посакувавме…Но, исполнивме една цел, што значи дека завршивме голема работа“, истакнал францускиот напаѓач.

Атлетико сезоната ќе ја заврши в недела, со натпреварот против Атлетик Билбао, што за тимот ќе биде последен меч кој ќе го одигра на „Винсенте Калдерон“. крај/мф/нц

Најново

Топ31 минута

Уапсен гостиварец: ја принудувал својата 80-годишна мајка на питачење, поднесена кривична за „трговија со луѓе“

Денеска, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за...

Македонија35 минути

„ДПМНЕ и Орце го вратија на сцена нивниот бивши портпарол Димче Арсовски и тоа како директор на МКЦ“, велат од Левица

„ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски продолжуваат да се однесуваат ненаситно и Градот да го третираат како партиски плен! По скандалозните избори...

Македонија50 минути

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради трка

Утре со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во...

Македонија54 минути

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година: „Соговорниците согласни дека се постигнати очигледни конкретни резултати“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот наЕвропската...

Забава1 час

Месечината во Вага менува сè: Можност за неверојатна среќа и љубов тропа на вратите на овие знаци

Положбата на Месечината носи промени во емоционалната сфера, а пет хороскопски знаци би можеле особено да го почувствуваат нејзиното позитивно...

Економија1 час

Народната банка ги олеснува условите за располагање со средствата во АЛТА банка: Од понеделник се отвораат шалтерите и во Тетово и Струмица

Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со...

Македонија1 час

Нов модел на студентско стипендирање: 3.000 стипендии, повеќе можности и поддршка за студентите

Министерството за образование и наука објавува нов Конкурс за доделување 3.000 студентски стипендии за студиската 2026/2027 година, со кој се...

Hitech2 часа

SETEC ARENA 2026: Два дена. Четири игри. Една арена.

Викендов, на 7 и 8 ноември, Diamond Mall ќе биде центар на македонскиот е-спорт. SETEC ARENA 2026 носи два дена...

Свет2 часа

Песков: Европа е неопходна, но се двоуми

Кремљ изјави дека Европа не успева да се договори кој ќе ја претставува во идните разговори за безбедноста на континентот,...