Daily news
Груевски: Да сакав да избегам од обвиненијата на СЈО, ќе избегав
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање дали можеби планирал да бега надвор од државата за обвиненијата на СЈО.
„СЈО година и пол објавува дека ќе добиеме обвиненија, за Титаник го зборуваат обвинението година и пол, во меѓувреме кој знае колку патувања имав и се вратив од патувањата. Само во јуни имав кратки патувања во 4- до 5 држави од кои се вратив. Ако сакав да избегам, можев да избегам, знаев дека или на 28 или на 29 или на 30 јуни СЈО ќе одржи прес и ќе ги поднесе овие обвиненија без никакви докази, така што не ми паднало на памет да бегам“, изјави Груевски, кој денеска беше во посета на Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
