Daily news
Груевски: Да се прифати лидерска средба, а граѓаните да не подлегнуваат на провокации од СДСМ
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на прес-конференција која беше закажана за во три часот по полноќ, а започна во 04:25 се обрати пред медиумите до граѓаните велејќи дека денес се случил многу лош ден за Македонјиа, за што ќе има последици. Тој не знаел што се случува, бидејќи бил во Виена, а дознал од неговото обезбедување.
Груевски потенцираше дека вечерва заседавал извршниот комитет на партијата
„Сакам да го осудам насилсвото кое поедници го направија и повредија поголем број пратеници. Повикувам институциите да направат брза и ефикасна истрага, да ги откријат виновниците и со тоа да бидат изнесени на суд. Никогаш не сум помислил да дојдам или да останам на власт со насилство. Повикувам да не се ставаат во ист кош огромниот број граѓани кои со денови протестираат и никого не повредија никого со оние кои денес тоа го направија. Тие имаат право на протест за доброто на Македонија. Ги поздравувам пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за напорите кои ги дадоа за да им помогнат на пратениците. Им благодарам и на брзата помош и полицијата“, кажа Груевски на прес конференцијата.
Тој на пратениците им посака брзо закрепнување.
„Го осудувам однесување на СДС за ваков избор на претседател со што ги подигнаа тензиите во нашето општество. Начинот на кој се обида да изберат претседател на Собранието е незаконски, противуставен и неделовнички. Слушнав дека вечерва славеле во штабот на СДСМ, со што покажале анти државничко однесување“, додава Груевски.
Според него, постапките на СДСМ го загрозиле уставниот поредок на државата.
„Доаѓањето на власт по секоја цена, анти-државните платформи , како и бегањето од избори се дел од причините за ваквата ситуација. Повикувам да се прифати иницијативата на претседателот Иванов, се друго води кон хаос во државата. Истовремено ги повикувам граѓаните на Македонија, да не подлегнуваат на провокациите на СДСМ. Народот има право да си ја чува и брани државата, тоа никој не може да го осуди“, кажа Груевски во неговата завршна поента.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека неговата партија ќе остане на страна на народот. Додека пак сценаристите на денешните случувања сакале да го стават во сенка силувањето на парламентот, а со тоа прстот да се впери кон ВМРО-ДПМНЕ.
Кристијан Ландов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
