Контакт

Daily news

Груевски: Заев сака да ги заплаши судиите и да се заштити себеси

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски смета дека целта на изјавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев за промени во судството „е заплашување на судиите и заштита од постапките коишто се водат против него“.

– Многу е јасно и од авион се гледа дека идејата е да се направи прво заплашување на судиите, а веројатно во глава има некаква промена со цел да се заштити себеси од постапките коишто се водат против него. Под плаштот дека сака да направи реформи сака во најмала рака да ги заплаши судиите,  а доколку има некаква можност да направи некакви промени за неговите пријави коишто се полни со докази да останат нерешени или пак да бидат решени во негова полза, изјави Груевски кој денеска беше во посета на Кратово.

Тој рече дека СДСМ има долга историја на, „крупни партиски влијанија во судството“.

– Во 1996 година во еден ден назначија 600 судии во Парламентот во услови кога опозицијата не беше во Парламентот. Во еден ден сите 600 судии беа изгласани исклучиво по партиска линија, по ургенции  на партиски луѓе или одлука на партиски штаб. Потоа во 2002 година дојдоа на власт по четири години во опозиција, извршија брза измена на Законот за судски совет, го сменија Судскиот совет и започнаа нова тура притисоци и партизирање на судството кое што го направија крајно партиско. Сега зборуваат повторно за некакви нови промени на судиите инспирирани од желбата да се сопрат  постапките што се водат против нив. И како второ да завледеат повторно со судството од партиска позиција. Тоа не смее да се случи во Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски вели дека реизбор на сите судии е невозможен затоа што Законот за судии е двотретински и ВМРО-ДПМНЕ сигурно нема да се согласи за реизбор на судиите.

– Секоја друга замисла да се стави партиска капа, партизирање на судството  од страна на СДСМ ќе наиде на жестока реакција кај ВМРО-ДПМНЕ, а верувам и кај граѓаните. Не е во ред секое мнозинство во налет на доаѓање да менува судии, да заплашува судии, да се заканува со реизбор на судии за да си остварува свои цели. Да ги заплашува судиите и на тој начин да издејствува некакви одлуки во судството што тие ги посакуваат кога направиле одредени кривични дела и сакаат тоа да помине без казна, рече Груевски.

Тој е дециден дека таквото нешто не треба да се дозволи и оти таа пракса на СДСМ мора да запре. Тоа, како што потенцираше Груевски,  не е реформа, тоа е антиреформа.  И тоа е нешто со кое што се сака да се партизира судството.

–Во најмала рака ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи реизбор на судиите затоа што за тоа е потребно двотретинско мнозинство, рече Груевски во Кратово.

 

Најново

Македонија47 секунди

Голема акција за чистење на атмосферската и фекалната канализација во Бутел

Општина Бутел спроведува голема акција за чистење и одржување на атмосферската и фекалната канализациона мрежа на својата територија. Градоначалникот Дарко...

Македонија4 минути

(Видео) СДСМ: Граѓаните на Гостивар чекаат Мицкоски и Клековски да се вратат од „екскурзија“

Граѓаните на Гостивар пет недели немаат безбедна вода за пиење, а според СДСМ, власта предводена од премиерот Христијан Мицкоски и...

Македонија12 минути

(Видео) Петрушевски: Ширењето паника за водата е крајно сериозно, институциите го расчистуваат случајот

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче е заедно на Егејот со својот другар Зоран Заев, но влијае на оние кои...

Економија28 минути

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments за групни нарачки

Корисниците сега можат директно во апликацијата да платат за своите артикли кога заедно нарачуваат од ресторани со пријателите, семејството или...

Македонија31 минута

Николоски: Со инсталација на новиот систем, македонското небо добива највисоко ниво во контрола на безбедност

Поставувањето на новиот АТМ систем во М-НАВ е од исклучително значење за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во...

Спорт1 час

Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати

Новак Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати, велејќи дека во последните две години...

Македонија1 час

(Видео) СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски за објавување службена тајна

СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски, соопшти Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ. „Поминаа 9 дена од...

Македонија2 часа

Влен: Артан Груби е „црната кутија“ и од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски

Обвнинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето. Ахмети најавува повлекување од...

Спорт2 часа

Италијанска пливачка сруши светски рекорд

Италијанската пливачка Сара Куртис го освои златниот медал во дисциплината грбно пливање на 50 метри на Европското првенство, кое се...