Контакт

Daily news

Груевски се сретна со Вернер Амон од Австриската народна партија

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со секретарот за меѓународна соработка, Александар Николоски оствари средба со генералниот секретар на владејачката австриска народна партија, Вернер Амон и директорката за европски и надворешни работи на австриската народна партија, Моника Реинер.

На средбата станало збор за актуелната политичка состојба во државата, аспектите и начините за излез од неа, како и регионалните предизвици врзани со бегалската криза, и улогата на Македонија во нејзиното надминување.

Груевски посочил дека на Македонија и е потребен брз излез од кризата, а единственото ефикасно и брзо решение е организирање на предвремени парламентарни избори, заедно со редовните локални избори.

Груевски пдодал дека изборите се и решение за изборната измама која ја наметнува опозицијата, која со цел да дојде на власт по скоро одржаните избори прифати и одобри Тиранска Платформа, создадена во соседна држава, под покровителство на премиер од друга држава со многу спорни елементи за опстојувањето и задржувањето на унитарниот и граѓански карактер на Република Македонија.

Груевски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во парламентот го користат максимумот од она што деловникот и законот го дозволуваат и низ законска дебата со аргументи се спротивставува на прифатеното од страна на СДС.

Во поглед на мигрантската криза Груевски рекол дека предизвикот останува и дека Македонија досега активно учествуваше во нејзино справување. За уште поголема ефикасност потребна е стабилна влада и излез од кризата, а изборите се најдоброто решение за тоа посочи Груевски.

Тој дополнил дека стратешки приоритети на Македонија остануваат членството во ЕУ и НАТО алијансата.крај/мф/дм

 

 

Најново

Спорт8 минути

Kолку заработи Англија со бронзата на Светското првенство

Англија освои бронзен медал на Светското првенство, откако во спектакуларниот натпревар за третото место ја победи Франција со 6:4. Покрај...

Култура13 минути

Стоечки овации за Ана и Игор Дурловски на „Охридско лето“

Македонската музичка традиција во своето најавтентично и најемотивно издание синоќа одекна на сцената Долни Сарај, каде во рамките на фестивалот...

Спорт7 часа

Спектакл во Мајами – Сака со хет трик ја сруши Франција во последниот меч на Дешан

Англиската репрезентација ја победи Франција со 6:4 во спектакуларен натпревар за 3-то место на СП и го освои бронзениот медал....

Спорт10 часа

Челзи го договори трансферот на Морган Роџерс

Челзи постигна усмен договор со Астон Вила и Морган Роџерс кој ќе стане еден од најплатените играчи. Астон Вила ја...

Црна хроника11 часа

Мајка пријавила дека нејзиниот малолетен син со месеци бил физички малтретиран во Аеродром

МВР истражува случај на врсничко насилство во Аеродром. Мајка од Скопје пријавила дека нејзиниот син со месеци бил физички малтретиран...

Забава11 часа

И по разводот функционираат како тим: Џенифер Гарнер го пофали Бен Афлек дека е одличен татко

Џенифер Гарнер ретко зборува за односот со поранешниот сопруг Бен Афлек, но во ново интервју откри дека тој е „неверојатен...

Црна хроника11 часа

Се превртел багер во Гостивар, тешко повреден 38-годишен маж

Триесет и осумгодишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако багерот со кој изведувал работи се превртел на улицата...

Спорт11 часа

Невремето ги наруши подготовките за финалето: На Шпанија ѝ го откажаа, на Аргентина ѝ го одложија тренингот

Силно невреме со дожд и грмежи ги наруши последните подготовки на Шпанија и Аргентина пред финалето на Светското првенство. Тренингот...

Црна хроника12 часа

Пукано кон објект на фирма во Тетово, пронајдени 11 чаури

Непознати сторители со огнено оружје пукале кон објект на фирма во Тетово, при што биле оштетени објектот и неколку возила....