Daily news
Дачиќ: ЕУ, САД и Велика Британија – до кога ќе молчите?
Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, вели дека изјавата на Еди Рама, е уште една потврда дека создавањето на Голема Албанија е заедничка платформа за сите Албанци.
Тој додаде дека ова е најголемата закана за мирот и стабилноста на Балканот и на Европа.
“Се прашувам како меѓународната заедница би реагирала, доколку Вучиќ изјавеше ако не влеземе во ЕУ, тогаш е можно обединување на Србија и на Република Српска,? Сигурен сум дека сите ќе се огласат и ќе ја обвинат Србија дека го зазгрозува мирот “, изјави Дачиќ.
“Затоа пашувам зошто ЕУ, САД, Велика Британија и други, молчат ако некој ја загрозува Србија? Или молчењето е знак на одобрување? “, рече Дачиќ.
Инаку, реакцијата на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачич доаѓа по интервјуто на албанскиот премиер Еди Рама дадено за Политико, во кое тој беше запрашан што ако наидат на затворена врата на ЕУ, тогаш обединувањето на Албанија и Косово е реалност односно тоа не е неговата желба,крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
