Daily news
Дачиќ: Србија нема да капитулира за косовското прашање
Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека Србија прашањето на Косово и Метохија нема да го реши со капитулација.
„Тие мислат дека тоа прашање мора да го решиме така што Србија на крајот ќе капитулира. Србија никогаш тоа нема да го направи. Таа е конструктивна и повикува на дијалог, не затоа што е слаба, туку затоа што е силна и има конкретни идеи“, – рече Дачиќ.
Тој го оцени како срамно тоа што некој мисли дека Србија ќе попушти и ќе ја признае едногласно прогласената независност на Косово.
Дачиќ истакна дека повикот на внатрешен дијалог за Косово и Метохија е повик на „дијалог меѓу нас“, додавајќи дека некои повикот на српскиот претседател Александар Вучиќ на дијалог во Србија го сфатиле како повик на признавање на независноста на Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
