Контакт

Daily news

Дваесет македонски градоначалници се како англиски кралици

Објавено пред

Дваесет од новите градоначалници, иако регуларно избрани, не можат битно да ги менуваат условите во Општините оти наследија блокирани општински сметки. Ќе функционираат како англиски кралици, на врвот на општинската хиерархија, но само административно. Така дел од нив сами ја опишуваат функцијата што ја вршат.

Сите отплаќаат стари долгови. Кај некои презадолжувањето кое довело до блокирање на сметката е уште од времето на поранешна Југославија, а низ годините долгот растел поради камати, но и поради дополнителни задолжувања кои ги правеле градоначалниците за да реализираат по некој проект. Додека им е блокирана сметката тие можат да се грижат само за тековно одржување и да одвојуваат средства за плати и надоместоци за вработение. Надлежните судови им одредуваат лимит на средства кои можат да ги повлекуваат од блокираната сметка за да можат да функционираат. Сите други средства што стигнуваат на сметката, кои го надминуваат лимитот, одат за отплата на долговите.

Новите градоначалници немаат избор, мораат да работат за отплата на долговите без оглед што сите имаат нови проекти во изборните програми. И сите, без исклучок, за враќање на долговите се надеваат на помош од централната власт, односно од Министерството за финансии и од Владата. На ваква помош велат дека се надеват оти долговите на општините биле направени со дозвола од централната власт или, пак, долговите за реализација на проекти во општините кои биле обврска на централната власт само биле префрлени за отплата на локалната власт.

Согласно со евиденцијата на Министерството за финансии, по завршување на изборите, заклучно со 30.10.2017 година 20 општини имаат блокирани сметки. Под блокада се Зрновци, Пласница, Ресен, Делчево, Охрид, Струга, Пехчево, Куманово, Градско, Брвеница, Тетово, Ранковце, Сопиште, Берово, Карбинци, Старо Нагоричане, Неготино, Чашка, Долнени и Врапчиште.

Список на Општини со блокирани сметки заклучно со 30.10.2017 година

Од Министерството за финансии нагласуваат дека блокираните сметки на општините и нивниот број е податок кој се менува на дневна основа, имајќи предвид дека Министерството за финансии ги извршува налозите за извршување согласно со расположливите средства на сметките, односно од средствата на должникот на сметките расположливи за извршување кои ќе преостанат над дозволениот месечен износ за трошење.

Според член 218 од Законот за извршување, врз предмети и права на единиците на локална самоуправа и јавните претпријатија не може да се спроведе извршување за наплата на парични побарувања доколку тие се неопходни за извршување на нивната дејност, односно задачи. Кои предмети и права се неопходни за вршење на дејноста и задачите на должникот, ќе определи претседателот на судот на чие подрачје се спроведува извршното дејство, ако во текот на спроведувањето на извршувањето странките за тоа прашање не се согласат или инаку се укаже тоа како потреба.

Весна Гарванлиева-Андонова, постар економист во Центарот за економски анализи, вели дека додека сметките им се под блокада, општините можат да функционираат само административно, а тоа најмногу се одразува на граѓаните.

„За општината да функционира нормално, неопходно е да има отворена сметка. Кај оштините кои имаат блокирани сметки најмногу губат граѓаните. Во такви општини нема реализација на поголеми зафати, не се работи ефикасно. Општината постои само административно, се грижи за тековно одржување и плати на вработените, имаат тешкотии за плаќање на обврските кон други добавувачи, па тоа генерира нови долгови и уште поголемо оптоварување“, вели Гарванлиева-Андонова.

Со оглед на тоа што секое задолжување на општините мора да биде одобрено од централната власт, Гарванлиева-Андонова смета дека и за надминување на лошите состоби на сметките е потребно системско решение.

Низок степен на реализирани капитални инвестиции, Гарванлиева-Андонова вели дека е случај не само кај општините со блокирани сметки туку и кај сите други. Таа вели дека има голема разлика во буџетираните инвестиции и реално реализираните.

 

Заедничко решение на финансиските проблеми на Општина Куманово, градоначалникот Максим Димитриевски вели дека бараат со Министерството за финансии.

Куманово отплаќа долгови од времето на СФР Југославија

Сметката на Општина Куманово е блокирана од февруари 2013 година за основен долг од 67 милиони денари за експропријација на земјиште. Ирена Илиевска, раководител на секторот за финансии во Општина Куманово, вели дека главнината од долгот е вратена.

„Долгот што го имаме е направен во седумдесеттите години, за време на СФР Југославија. Министерството на образование направило експропријација на земјиште заради изградба на училишна зграда. Училиштето никогаш не се изгради, а за случајот се водеше судски спор повеќе од 15 години. Долгот што реално го направило Министерството за образование, по децентрализацијата само ѝ бил префрлен на Општината и во 2013 година, по судскиот спор, сметката на Општина Куманово беше блокирана. Ние успеавме да го отплатиме во овие четири години, не само долгот од 67 милиони денари туку плативме и 2,5 милиони денари за извршителски трошоци. Останува да ја платиме и каматата на долгот. Во четвртокот ни стигна известување од Народна банка дека каматата изнесува 12 милиони и 100 илјади денари. Сега ни останува да направиме план со која динамика да ја исплатиме и каматата која ќе значи деблокирање на сметката“, рече раководителката Илиевска.

Судот на Општина Куманово ѝ одредил лимит за работа во висина од 37.200.000 денари со кои треба да ги покриваат основните трошоци. Сè што имаат на сметката над овој лимит оди за враќање на долгот.

Градоначалникот Максим Димитриевски вели дека многу долгови во Општината генерираат јавните претпријатија.

„Сметките за вода се прениски, се работи со загуба, а не можеме да ги зголемиме цените поради малата платежна моќ на населението. Многу проекти што се реализирани преку јавните претпријатија, со кредити од државата, повторно се на товар на Општината оти јавните претпријатија се општински. Никому не му е грижа тоа што биле реализирани проекти на ниво на државата. На пример, имаме чисти води во реките, бенефит за сите, но и пречистителна станица која ни прави долгови“, вели градоначалникот Димитриевски.

Заедничко решение за финансиските проблеми на Општина Куманово, Димитриевски вели дека бараат со Министерството за финансии.

 

Чашка блокирана од јули годинава

Администрацијата на Општина Чашка, каде градоначалник е Горан Стојановски, беше најодговорна и најтранспарентна во однос на прашањата за блокираната сметка. Раководителката на одделението за финансиски прашања, Маја Анастасовска, во писмена форма веднаш одговори на прашањата од „Макфакс“ за блокираната сметка, без дополнителни потсетувања и без одлагања, за разлика од другите општини.

„Општина Чашка е со блокирана сметка од крајот на јули 2017 година. Долгот на Општина Чашка изнесува 15.343.067 денари од кои поголем дел кон градежните компании. Истиот е настанат во претходната година. Во поглед на надминување на финансиските долгови, градоначалникот има план тоа да го направи со рестрикција и намалување на непродуктивните трошоци, како и преземање активности за зголемена наплата на сопствени приходи во локалната самоуправа, како и поддршка од централната власт“, велат од Општина Чашка.

 

Недомаќинското работење резултира во блокирање на сметката, вели Блаже Станков, градоначалник на Зрновци

Зрновци 9 години со блокирана сметка поради долг од 1999 година

Општина Зрновци е меѓу општините со најдолг стаж со блокирана сметка. Проблемите со сметката во оваа општина почнале уште во 1999 година, а од 2008 година сметката во континуитет им е блокирана.

„ Зрновци има обврски по основа на камати и пренаменети наменски средства во вкупен износ од 8.198.519 денари ( состојба на 30.09.2017 ). Од овие обврски 7.705.512 денари се обврски по основа на камати кои се утужени, а останатите 493.007 денари  се тековни обврски до 30 и 60 дена. Од утужените обврски 7.676.072 денари се обврски спрема АД Гранит за неплатена камата на задоцнето плаќање на главен долг кој е целосно подмирен, како и за дел на процесните трошоци за утужените побарувања од страна на АД Гранит, а 29.440 денари се обврски ( утужени) спрема Градежен институт Македонија- Скопје. Потоа Општина Зрновци има обврска во износ од 8.974.875 денари по основа на кредит од Министерството за финансии како услов за добивање грант од програмата за развој на рурални средини од европските фондови, за изградба на детска градинка, уредување на речното корито на реката Зрновка и асфалтирање на улиците Скопска и Генерал Апостолски, како и обврски по основа на поврат за ненаменско искористување на  средства од Министерството за транспорт и врски во износ од 403.153 денари – средства во износ од 1 300 000 денари, добиени за изградба на филтер-станица, а потоа пренаменети и потрошени за други потреби“, вели градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков.

Долговите на Зрновци почнале се трупаат пред близу две децении, а секој нов градоначалник правел нови долгови.

„Обврската спрема утуженото побарување од АД Гранит, за што е блокирана сметката на Општината, е настаната во текот на 1999 година од страна на тогашниот градоначалник Јован Глигоров,  додека, пак, обврската спрема Градежен институт на Македонија во износ од 29.440 денари е настаната на 17.07.2008 година од страна на градоначалникот Благој Николов. Потоа обврската спрема Министерството за транспорт и врски во износ од 1 300 000 денари од страна на градоначалникот Благој Николов е настаната на 03.12.2008 година  и обврската за кредит во износ од 8.974.875 денари е настаната на 10.07.2017 година со цел добивање грант од ЕУ фондовите  во висина од 240 000 евра и изградба на гореспоменатите проекти“, вели градоначалникот Станков.

За враќање на долгот тој се надева на средства што се прибираат од граѓаните и поврат на неискористени парични средства од Министерството за транспорт и врски.

За обврската по основа на примен кредит од страна на Министерството за финансии, во самиот договор се прецизирани сите критериуми за отплата на истиот и тоа грејс-период од три години, рок на отплата 10 години со каматна стапка – шестмесечен  EURIBOR 1.500 и распон 0,50. Долгот према АД Гранит е целосно подмирен, како и наградата на извршителот со цел АД Гранит да се откаже од каматата, но тие се предомислија и се согласија на отпис од 50%. Тоа општината не е во можност да го плати. Прашањето е зошто тогашниот градоначалник Благој Николов (два мандата) навреме не склучил договор со Гранит за да го враќа долгот на рати без камати, и како можел наменски средства за изградба на филтер-станица во износот од 1 300 000 денари да ги пренамени за тековни трошоци.  Истовремено со преземање на функцијата градоначалник од моја страна во 2009 година наследив долг од доспеани фактури во износот од 2 000 000 денари. Недомаќинското работење од тоа време резултира со блокада на сметката, а при тоа ништо не се градело“, објасни градоначалникот Станков.

За реализирање, пак, на нови проекти во општината, тој , како и уште многумина градоначалници, се надева на пари од Европските фондови кои бараат минимално учество од страна на Општината.

 

Градоначалникот Драган Тренчовски вели дека долговите во Пехчево се таложеле со дозвола од централната власт

Пехчево под блокада поради долг од над милион евра

Општина Пехчево доби трет градоначалник кој треба да работи со блокирана сметка. На оваа општина, како што вели сегашниот градоначалник Драган Тренчовски, сметката ѝ е блокирана од 2009 година.

„Имаме утужен долг од 57 милиони денари направен од Општината и уште 24 милиони денари долг што го направило Јавното претпријатие ‘Комунална хигиена Пехчево’, но бидејќи нема начин да го врати, долгот е префрлен на Општината. Ова се основни долгови, без камати. Оние 57 милиони од Општината се направени за репрезентации, за претставување на општината, трошени се средства по ресторани, а најголем дел се за цевковод за Љутачка Река, кој е направен со амин на министрите Ставрески и Јанакиески, кои одобриле државни средства, но откако не бил платен, долгот бил префрлен на Општината“, вели градоначалникот Тренчовски.

За враќање на долгот и деблокирање на сметката градоначалникот Тренчовски се надева на помош од централната власт, од премиерот Зоран Заев, а планот е да земат кредит на отплата од 20 години.

„Имаме соработка со централната власт и се надевам дека ќе најдеме некое заедничко решение на долг рок. Сега сме доведени до таа состојба што немаме ниту за исплата на платите. Мојот претходник не ја исплатил септемвриската плата, па морав да се снаоѓам за да ја исплатам, со задоцнување, а сега веќе доцниме и за платата за октомври. Во интензивни преговори сме со Министерството за транспорт и врски со Министерството за труд и социјала да утврдиме колку неискористени средства имаме на располагање“, вели градоначалникот Тренчовски.

Тој најави и подготовка на нови проекти со цел учество на повиците за реализација на проекти од ЕУ фондовите.

 

Берово блокирано поради долг за изградба на регионален водовод

Општина Берово е со блокирана сметка од крајот на март годинава. Долгот на Општината изнесува 31 милион денари, без камата.

„Долгот е направен за изградба на регионален водовод кој почнал да се гради во 2002 година. За овој проект во тек беше маратонски судски процес, траеше 15 години, веќе има судска одлука. Ние го побаравме целиот предмет на увид и очекуваме деновиве да го добиеме за да направиме увид и да најдеме начин за отплата на долгот. Имаме и дополнителни 22 милиони денари долг кон добавувачи, а 18 милиони и 700 илјади денари треба да намениме за поправка на улиците кои беа уништени со изградбата на новата водоводна мрежа“, изјави за „Макфакс“ Звонко Пекевски, градоначалник на општина Берово.

 

Општината прави длабинкса анализа на долговите, вели градоначалникот на Охрид, Јован Стојановски.

Охрид со 12 години рекордер во работење со блокирана сметка

Општина Охрид е рекордер во работење со блокирана сметка. Таа е блокирана од 2005 година, иако и претходно, од 2002 година, имала куси периоди на блокада. И во оваа општина секој нов градоначалник правел нови долгови и работел на реализација на нови проекти и  покрај блокадата на сметката.

Градоначалник во периодот кога беше блокирана сметката беше Александар Петрески од СДСМ, кого по два мандати, во 2013 година го замени Никола Бакрачески од ВМРО-ДПМНЕ, а на изборите од минатиот месец, за градоначалник на Охрид повторно е избран СДСМ-овец, Јован Стојановски.

„Општината прави длабинска анализа на долговите. Голем проблем во собирање на податоците ни се утужените решенија, ги има многу. Кога ќе ги собереме сите податоци јавно ќе ги презентираме“, најави Стојановски.

Пред три години, кога на сметката на Општина Охрид пристигна долг од 1,5 милион евра за модернизација на системите за водоснабдување и отпадни води, општинскиот портпарол Охрид го претстави како најзадолжен град на Балканот со долг од 33 милиони евра. Дали и колку од овој долг е вратен во изминативе три години и дали Општината има нови задолжувања, градоначалникот Стојановски вели дека ќе покаже анализата којашто е во тек.

Другите општини со блокирани сметки не одговорија на повиците, пораките на е-пошта и пораките од „Макфакс“ за блокираните сметки иако и нивното работење е предмет на бројни ревизорски извештаи кои укажуваа на лоши финансиски одлуки. Министерството за финансии нема увид во целосните долгови на општините, па поради тоа го нема и податокот поради колкава сума се блокирани.

Заглавени во долгови и општините чии сметки не се блкирани

На барање на „Макфакс“ за пристап до информации од јавен карактер  Министерството за финансии испрати список на сите општини кои имаат  задолжување кај домашни и странски деловни банки, како и состојба на долг на јавните претпријатија по основа на задолжување кај државата (он-лендинг), заклучно со 30.06.2017 година.

Заедничкиот долг на општините е поголем од 50 милиони евра, но од Министерството за финансии велат дека тое е само дел од долговите што ги имаат општините оти во оваа сума не е внесен голем дел од долговите кои општините ги имаат кон други доверители како договорни обврски. Тоа е скриениот долг, велат од Министерството, кој начесто доведува до колапс на сметките.

За долговите јавно проговорија новата градоначалничка на Битола, Наташа Петровска, и новиот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. Тие пријавија дека Битола и Скопје имаат далеку поголеми долгови од забележаните во Министерството за финансии.

Битола неликвидна со долг од 12 милиони евра

 Новата грдоначалничка на Битола, Наташа Петровска, по извршениот попис во Општината соопшти дека утврдиле долг од 12 491 350 евра. Комисијата биле формирана од вработени во Општината.

„Според досега пристигнати фактури за стоки и услуги, временски ситуации за извршени градежни работи, обврски по гаранции за плаќање и други видови финансиски документи за задолжување, долгот на Општината изнесува 205 361 507 денари или 3339 211 евра. На поголемиот дел од оваа сума веќе му е помината валутата или рокот на плаќање. На мал дел рокот им доспева до крајот на годината освен делот од околу 20 милиони денари за стадионот, кои се распоредени во текот на следната година. Тоа покажува дека Општина Битола во овој момент е со неликвидност, односно немала и нема можности редовно да ги плаќа обврските кон своите добавувачи согласно со Законот за фискална дисциплина“, соопшти градоначалничката Петровска пред неколку дена.

Според неа, нејзиниот претходник, Владимир Талески, не само што се создал долг во минатото туку ги потрошил и парите за инфраструктура и други зафати за следните три-четири години. Градоначалничката Петровска најави дека ќе побара Државниот завод за ревизија да го преиспита работењето во Општината.

Град Скопје меѓу најзадолжените, има за враќање 33 милиони евра  

Новиот скопски градоначалник, Петре Шилегов, осум дена по доаѓањето на функцијата откри дека Град Скопје има огромен долг, наспроти градската каса, која не била во минус.

„Беше делумно презентирана информација од мојот претходник, а тоа е дека Градот бил оставен полн со пари. Точно, на денот на преземање на должноста градоначалник на тековната сметка на Градот имаше околу 850 милиони денари, меѓутоа заклучно со 15.10. 2017 година беа склучени договори и преземени обврски во висина од 2 милијарди 850 милиони денари. Тоа е сега предмет на анализа на администрацијата да видиме што од тие склучени договори не мора да се реализираат или во кој обем ќе може да се намалат трошоците за тие минус 32/3 милиони евра да бидат намалени за да не ни се случи Градот идната година да работи за договорите коишто Никола Груевски ги имал склучено во Градот Скопје“, рече градоначалникот Шилегов.

Доловите на Град Скопје, во најголем дел, се кон градежни компании.

 

Маја Илиевска Пачемска

 

 

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Daily news

Уставните судии ќе расправаат дали ќе ја прифатат иницијативата за стопирање на референдумот

Објавено пред

Од денешната седница на Уставниот суд ќе зависи судбината на референдумот за договорот со Грција, кој треба да се одржи по 11 денови, односно на 30 септември.

Пред девет уставни судии утрово ќе се најдат поднесените иницијативи на партијата Левица и на Светскиот македонски конгрес, со кои се бара поништување на одлуката за рефереnдум и времено да бидат стопирани активностите поврзани со референдумот.

Судот може да ја прифати или отфрли иницијативата или, пак, да се прогласи за ненадлежен. Известител е судијката Елена Гошева и, неофицијално, таа во рефератот предлага Уставниот суд да поведе постапка за преиспитување на уставноста на одлуката.

Прикажи повеќе...

Најново

Uncategorized18 минути

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија19 минути

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски2 часа

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Бегството на Груевски2 часа

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Бегството на Груевски2 часа

Исполнети се условите за Груевски да стане азилант во Унгарија, пишуваат унгарските медиуми

Експремиерот Никола Груевски и официјално е азилант во Унгарија, објавуваат унгарските медиуми повикувајќи се на се уште непотврдени информации кои...

Македонија5 часа

Сведокот ги препозна двајцата напаѓачи што го претепаа Никола Саздовски

На денешното рочиште за убиството на 20-годишниот навивач на групата „Комити“ повеќе од два часа сведочи сведокот Миле Алексовски, кој...

Свет5 часа

(Видео) Девојка со српско потекло меѓу убиените во Чикаго

Една од трите жртви на пукањето во болницата „Мерси“ во Чикаго е 25-годишна девојка со српско потекло, пишуваат српските медиуми....

Македонија6 часа

При апсењето на Бошкоски пронајдени се пиштол и хрватски пасош

Денешното рочиште за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на претседателот на партијата ОМ, Љубе Бошкоски, продолжи со репродуцирање...

Афера „Банки“6 часа

(Видео) Афера „Банки“ – како банката му ја одзеде болницата на доктор Адил Мустафа!?

Приватната болница „Шендети“ во Мала Речица, Тетово, неколку години по отфрлената кривична пријава од Обвинителството, остана со катанец на вратата....

Бегството на Груевски7 часа

(Видео) Дескоска: Ќе бараме екстрадиција на Груевски и да му е доделен азил

Македонија, денеска, или најдоцна утре ќе го достави барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Министерката за правда, Рената...

Бегството на Груевски7 часа

Груевски добил азил во Унгарија?

Канцеларијата за имиграција и азил во Унгарија донела одлука за барањето на бегалецот Никола Груевски, но оттаму, нема детали дали...

Европа8 часа

(Видео) Избоден полицаец во напад во Брисел, напаѓачот повреден

Во историскиот центар во Брисел утрово непознат напаѓач со нож нападна еден полицаец кој се збоди со повреди. По нападот...

Македонија8 часа

Дисциплинска за полицаец кој употребил сила врз актерката Ирена Ристиќ

Одделот за внатрешна контрола при МВР поведе постапка за дисциплинска одговорност на полицаец од полициската станица Центар, кој пред два...

Македонија8 часа

Вучиќ: Груевски во Србија влезе со важечки документи, прашање е како ја напуштил Македoнија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави синоќа дека поранешниот премиер Никола Груевски со регуларни документи влегол во Србија, дека во...

Македонија20 часа

ДЗС: Спасени четири лица завеани на Пелистер

Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување од СВР Битола доцна синоќа, во 00:30 часот, добило известување дека...

Свет21 час

Путин: Повлекувањето на САД од договорот не може да остане без наш одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Кремељ ќе има одговор доколку САД се повлечат од договорот за нуклеарните сили со...

Македонија23 часа

„Груевски е ВИП-мигрант на Орбан“ – унгарската опозиција постави транспарент на зградата на парламентот

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето  азил на поранешниот македонски премиер...

Македонија23 часа

МНР му врачи протестна нота на унгарскиот амбасадор поради бегството на Груевски

Во Министерството за надворешни работи денеска беше повикан амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Дукс, на средба кај државниот...

Македонија1 ден

Министерот Филипче и градоначалникот Темелковски ќе се соочат со граѓаните за дислокација на Центарот за зависници

Решение на проблемот со Центарот за зависници е најдено, а на граѓаните заеднички ќе им го презентираат градоначалникот на општината,...

Регион1 ден

Дармановиќ: Кога Груевски помина низ Црна Гора, немаше потерница по него

Македонија не издаде никакви сигнали со кои на другите земји ќе им даде до знаење дека експремиерот, Никола Груевски, е...

Досие