Daily news
Двајца убиени во оружен инцидент во деловна зграда во Далас
Две лица загинаа во оружен инцидент во деловен центар во Далас. Полицијата соопшти дека вработен го застрелал својот шеф, по што се самоубил, пишува Fort Worth Star Telegram.
„Утринава околу 10:45 часот добивме сигнал за активен стрелец во деловна зграда во северниот дел на градот“, рече заменик началникот на локалната полиција Ренди Блакенбејкер.
„Пукањето се случило во соба за состаноци во една од канцелариите. Еден полицаец користеше пушка за да ја пробие стаклената заклучена врата, здобивајќи се со полесни повреди“, додаде Блакенбејкер.
„Полицијата во собата затече мртви маж и жена. Сметаме дека мажот бил нејзин потчинет, кој ја застрела, пред да се самоубие“, посочи полицаецот. /крај/фк/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
