Контакт

Daily news

Двојни стандарди, само меч суспензија за Серхио Рамос

Објавено пред

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, доби само еден натпревар суспензија поради црвениот картон кој го заработи на дербито против Барселона.

Реал, во неделата, загуби од Барселона 2:3, а Рамос доби директен црвен картон поради бруталниот старт врз Лионел Меси во 77.минута.

Во образложението на Дисциплинската комисија на шпанската Примера стои дека дефанзивецот на Реал „употребил преголема сила“ и „го удрил противникот“.

Меѓутоа во извештајот од натпреварот не било наведено дека Рамос иронично ракоплескаше додека го напушташе теренот. За тој гест, Рамос рече дека бил упатен кон Џерард Пике, со кого ја продолжи вербалната војна.

Дисциплинците од Примера во случајот на Рамос применија двојни стандарди, бидејќи напаѓачот на Барселона Нејмар, поради слична реакција по црвениот картон доби три натпревари суспензија, а да при тоа не доби директен црвен, туку беше исклучен поради два жолти картони.

Поради суспензијата Нејмар не играше во дербито. крај/мф/нц

Најново

Забава4 минути

Игор Џамбазов слави роденден: „Кога наполнив 36 не бев баш сигурен дали воопшто ќе доживеам 63“

Нашиот најпознат и најуспешен шоумен, Игор Џамбазов, денеска слави роденден. Тој сподели објава на Инстаграм и вели дека следна цел...

Култура14 минути

„Самец во бракот“ од Мир-Јам објавена на македонски јазик

„Матица македонска“, во превод на македонски јазик го објави романот „Самец во бракот“ од Мир-Јам, едно од најпрепознатливите имиња на...

Македонија17 минути

СДС, ДУИ и Левица се разобличени, не им поминува лошиот политички театар со кој свесно го блокираат Изборниот законик, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ е разобличен, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов...

Македонија21 минута

Сали во Украина ќе го сподели искуството на Македонија во процесот на европската интеграција

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денес пристигна во Киев за учество на Самитот Украина...

Македонија27 минути

СДСМ: Мицкоски јавно да објасни според кои критериуми Стоилковиќ заслужува да остане во Владата

По реконструкцијата на Владата, Иван Стоилковиќ е преместен од позицијата вицепремиер и министер за односи помеѓу заедниците, на место министер...

Топ35 минути

Уапсен Александар Лазаров кој избега од полициска станица во Кочани

Полицијата го уапси Александар Лазаров, осомничен за трговија со дрога, кој минатата недела избега од полициската станица во Кочани. По...

Забава39 минути

Гладувањето не доаѓа предвид: Диета што ја прави Пенелопе Круз да изгледа двојно помлада

Таа верува дека умереноста е клучна, но за да не „талка“ премногу, се држи до медитеранската диета, иако малку построга....

Спорт40 минути

Дешан: Дали овој судија има квалитет за полуфиналето на СП!?

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, не го криеше своето разочарување по поразот од Шпанија (0:2) во полуфиналето на Светското првенство,...

Забава45 минути

Можност што ретко доаѓа двапати: Невидено чудо ги чека овие три знака

Проверете дали сте меѓу нив и подгответе се за пресврт што сè менува. Средината на летото носи малку повеќе од...