Контакт

Daily news

Дебелината на Американците ги промени тест куклите за судир на автомобили

Објавено пред

Популацијата на развиените западни земји, како САД, старее, а просечен американски жител е подебел од порано, што влијае и на тестовите за безбедност на автомобилите.

Во многу тестови за безбедност на кои се подложени новите модели на автомобили, се користат стандардизирани кукли чија маса долго време не е променета.

Една американска компанија од Детроит почна во соработка со Универзитетот во Мичиген да произведува и тестира кукла со маса од 125 килограми, која од регуларната е потешка за 45 килограми, со цел при креш тестовите да ја унапреди безбедноста на дебелите патници.

Имено, истражување покажало дека просечен жител на САД денес тежи 10 килограми повеќе во споредба со тие во 70-тите години на минатиот век и дека значајно е зголемен бројот на дебели возачи и патници.

Човечкото тело чија маса значително е поголема од просекот, поинаку се однесува при судар отколку на тоа чија маса е слична како кај кукла за креш тест, па потребно е да се извршат испитувања на кукли со соодветна маса.

Освен „дебели” кукли, научниците конструирале и кукла која со својата градба симулира конституција на постари лица. Прототипот се темели на лице од женски род на возраст од 70 години, а целта е преку тестовите за безбедност со новите модели да се опфати и оваа, исто така растечка групација на жителите на САД./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Македонија4 минути

Сали во Украина ќе го сподели искуството на Македонија во процесот на европската интеграција

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денес пристигна во Киев за учество на Самитот Украина...

Македонија10 минути

СДСМ: Мицкоски јавно да објасни според кои критериуми Стоилковиќ заслужува да остане во Владата

По реконструкцијата на Владата, Иван Стоилковиќ е преместен од позицијата вицепремиер и министер за односи помеѓу заедниците, на место министер...

Топ18 минути

Уапсен Александар Лазаров кој избега од полициска станица во Кочани

Полицијата го уапси Александар Лазаров, осомничен за трговија со дрога, кој минатата недела избега од полициската станица во Кочани. По...

Забава21 минута

Гладувањето не доаѓа предвид: Диета што ја прави Пенелопе Круз да изгледа двојно помлада

Таа верува дека умереноста е клучна, но за да не „талка“ премногу, се држи до медитеранската диета, иако малку построга....

Спорт22 минути

Дешан: Дали овој судија има квалитет за полуфиналето на СП!?

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, не го криеше своето разочарување по поразот од Шпанија (0:2) во полуфиналето на Светското првенство,...

Забава28 минути

Можност што ретко доаѓа двапати: Невидено чудо ги чека овие три знака

Проверете дали сте меѓу нив и подгответе се за пресврт што сè менува. Средината на летото носи малку повеќе од...

Спорт34 минути

„Го ставивме Олисе на маса со Зидан и Платини, а тој сè уште не е ни во кујната“

Шпанија е првиот финалист на Светското првенство откако ја победи Франција со 2:0 во полуфиналето во Далас. Во натпревар во...

Свет47 минути

12 странски државјани загинаа во големиот шумски пожар во Шпанија

Шпанските власти потврдија по обдукциите дека дванаесет од тринаесетте жртви на смртоносниот шумски пожар што ја опустоши Андалузија биле странски...

Македонија52 минути

СДСМ: Изборниот законик не е услов за ЕУ, туку спроведување фер избори

Тезата дека блокадата на Изборниот законик ја спречува Македонија да напредува кон ЕУ е свесна манипулација., велат од СДСМ. „Европската...