Daily news
Денес и утре Македонија во жолта фаза
Периодот на претежно сончево и многу топло време ќе продолжи и во наредните денови. Во поголем дел од земјата максималната температура ќе достигнува над 35, а на места по должината на Повардарјето ќе надмине и 40 степени.
УВ-индексот ќе биде многу висок, со вредност 9.
Минималната дневна температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а максималната од 35 до 40 Целзиусови степени.
Во Скопје слично време, сончево и многу топло, со максимална дневна температура од 39 степени.
Денес и утре подрачјето на Македонија ќе биде во жолта фаза, а од четврток одредени региони од земјата ќе ги исполнат условите за портокалова фаза на опасност од топлотни бранови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
