Daily news
Дибаба ја одбрани титулата на 3.000 метри
Гензебе Дибаба од Етиопија го освои златниот медал на Светското првенство во сала, што се одржува во Бирмингем, во трката на 3.000 метри.
Дибаба синоќа победи со време 8:45.05 и третпат во кариерата го освои најсјајното одличие во оваа дисциплина.
Среброто ѝ припадна на Сифан Хасан од Холандија (8:45.68 минути), а до бронзата стигна домашната натпреварувачка Лора Мјур (8:45.78 минути).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
