Контакт

Daily news

Диего и Диего повторно заедно, Коста се враќа во Атлетико

Објавено пред

Диего Коста се враќа во Атлетико Мадрид. Играчот кој на 134 натпревари има постигнато 64 гола за „јорганџиите“, според шпанските медиуми, во текот на денот треба да ги мине лекарските прегледи, а потоа ќе потпише договор за клубот од „Ванда Метрополитано“.

Сагата за трансферот на Диего Коста се ближи кон крајот кога Челси ја прифатил понудата на Атлетико. Клубот од Мадрид на премиерлигашот ќе му плати 55 милиони еврам, а трансферот може да нарасне за уште десет милиони евра во зависност од исполнувањето на условите што ќе бидат вметнати во клаузулата на договорот.

Диего Коста летото 2014 година за сума од 38 милиони евра од Атлетико се пресели на „Стенфорд Бриџ“ во Лондон.

Шпанскиот репрезентативец со „сините“ осови две шампионски титули во Англија, но поради недоразбирањата со менаџерот Антонио Конте, тој морше да го напушти Челси.

Од моментот кога беше јасно дека 28-годишниот напаѓач ќе го напушти Лондон, интерес за неговите услуги покажаа неколку тимови, но тој јасно стави до знаење дека сака да игра само во Атлетико.

Диего Коста ќе стекне право на настап дури по Нова година, а доколку сè биде во ред, тој би требало да дебитира на 7 јануари в година кога Атлетико ќе го пречека Хетафе.

До тој меч напаѓачот ќе биде 211 дена без официјалне натпревар, последен натпревар што го одигра беше оној во Скопје против Македонија во квалификациите за СП на 11 јуни 2017 година. н.ц.

Најново

Спорт7 минути

Јамал и Халанд пишуваат историја по Светското првенство, тие вредат повеќе од 200 милиони евра

По завршувањето на Светското првенство 2026 година, Ламин Јамал и Ерлинг Халанд се на врвот на листата на највредни фудбалери...

Македонија14 минути

Општина Чаир донира вода за пиење за граѓаните на Гостивар

Општина Чаир испрати помош со вода за пиење за граѓаните на Гостивар. „Како одговор на отежнатата состојба со снабдувањето со...

Спорт19 минути

(Видео) Аргентинската легенда проговори откако го удри Олмо по финалето на СП

Роберто Ајала, член на тренерскиот штаб на аргентинската репрезентација, за прв пат проговори за инцидентот по финалето на Светското првенство,...

Црна хроника26 минути

Четворица вевчанци го оштетиле ЈП „Национални шуми“ за над половина милион денари, добија кривични пријави

Струшката полиција поднесе кривична пријава В.Р.(56), З.П.(61), А.А.(61) и Т.Д.(49), сите од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторени...

Свет29 минути

Украински дронови во Пентагон

Украина се согласи да извезува дронови во САД за да учествува во програмата на Пентагон „Доминација со дронови“, потврди извор...

Македонија36 минути

Во петок локален дожд, викендов сончево време

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец,...

Црна хроника36 минути

62-годишник силувал малолетничка во Струмица, полицијата му поднесе кривична пријава

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.С.(62) од струмичко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на...

Црна хроника46 минути

Уапсен 16-годишник од Радуша, излетал од патот со автомобил со германски таблички, полицијата му го одзеде возилото

Полициски службеници од СВР Тетово вчера во селото Јегуновце уапсија 16-годишен малолетник од село Радуша оти без возачка дозвола управувал...

Црна хроника57 минути

Прилепската полиција уапси 52-годишник оти предизвикал пожар во кој изгорела сува трева на голема површина

Синоќа прилепската полиција го уапси 52-годишниот (Г.Ц.) од селото Чепигово, прилепско, поради сомнение дека предизвикал пожар на отворено во кој...