Контакт

Daily news

Димовски бара прекин на расправата за Зврлевски: Во салата има повеќе новинари отколку пратеници

Објавено пред

Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара од претседателот на Собранието, Талат Џафери, да ја прекине расправата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Димовски рече дека јавноста е манипулирана од СДСМ и Џафери за приоритетноста за разрешување на јавниот обвинител бидејќи денеска во салата како присутни се пријавиле само дваесетина пратеници од парламентарното мнозинство.

„Еве, и да се откажеме од дебата денеска, нема да може да се гласа бидејќи половина од пратениците на СДСМ и ДУИ се веќе на годишен одмор. Во салата има присутни дваесетина пратеници на парламентарното мнозинство, што ја покажува приоритетноста што со денови ја слушаме од СДСМ. Затоа, Ве повикувам, господине Џафери, да ја ставите оваа точка во мирување и да преминеме на некои од наредните точки кои навистина се приоритет за граѓаните на Република Македонија“, рече Димовски.

Тој додаде дека во моментот во собраниската сала има повеќе новинари отколку пратеници на СДСМ, што е јасен сигнал за сериозноста на ова тенко мнозинство во Собранието.

Најново

Спорт4 минути

„Го ставивме Олисе на маса со Зидан и Платини, а тој сè уште не е ни во кујната“

Шпанија е првиот финалист на Светското првенство откако ја победи Франција со 2:0 во полуфиналето во Далас. Во натпревар во...

Свет17 минути

12 странски државјани загинаа во големиот шумски пожар во Шпанија

Шпанските власти потврдија по обдукциите дека дванаесет од тринаесетте жртви на смртоносниот шумски пожар што ја опустоши Андалузија биле странски...

Македонија22 минути

СДСМ: Изборниот законик не е услов за ЕУ, туку спроведување фер избори

Тезата дека блокадата на Изборниот законик ја спречува Македонија да напредува кон ЕУ е свесна манипулација., велат од СДСМ. „Европската...

Забава40 минути

Т-рекс продаден за 50 милиони долари, срушен е рекорд

67-годишен Тираносаурус беше продаден на аукција на „Сотбис“ во Њујорк за 37,4 милиони фунти (50,1 милиони долари), што го прави...

Забава46 минути

Лени Кравиц откри зошто носи кожни панталони во теретана

Лени Кравиц, музичар познат по тоа што носи своја препознатлива облека во теретана, сега објасни зошто. 62-годишникот откри во новиот...

Свет1 час

Куба повторно без струја; Демократи: Трамп ја претвора Куба во Газа

Куба вчера доживеа уште еден целосен колапс на националниот електроенергетски систем (SEN), оставајќи го целиот остров без струја. Ова е...

Регион1 час

Српска министерка изјави дека етнички ќе го исчисти Косово, забранет ѝ е влез во земјата

Српската министерка за државна администрација и локална самоуправа, Снежана Пауновиќ, е прогласена за непожелна личност во Косово откако изјави дека...

Свет1 час

Унгарскиот министер за одбрана: Им ја затвораме вратата на Русите

Унгарија и ја затвора вратата на Русија и сè повеќе се усогласува со своите сојузници, изјави унгарскиот министер за одбрана...

Свет1 час

Трамп: Следната недела ќе биде лошо за Иран, ќе им ги уништиме мостовите и електраните

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе ги нападне иранските мостови и електраните следната недела ако Техеран не...