Daily news
Димовски до „реформаторите“: Проблемите се решаваат дома, не во дворот
На новинарско прашање како ВМРО-ДПМНЕ гледа на активностите и барањата на иницијативата за реформи во партијата, Илија Димовски рече дека секој внатрепартиски проблем треба да се решава дома, а не надвор од партијата.
„Доколку има одреден проблем или недоразбирање тоа се решава внатре во партијата, си има органи и тела. Ниту еден домашен проблем не се решава надвор во двор“, рече Димовски одговарајќи на прашањето.
Тој додава дека и во минатото имало вакви инцијативи и фракции, но сите биле со краток рок.
„Во еден момент имаше повеќе од 20 иницијативи. Ако се вратам наназад, имаше дури 11 партии со предзнак на ВМРО-ДПМНЕ. Така што ова не е ништо ново, додава Димовски.
Габриела Д. Мишевска
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
