Контакт

Daily news

Доделени стипендиите за најталентирани ученици и спортисти во Општина Гази Баба

Објавено пред

Градоначалникот Борис Георгиевски додели 20 стипендии за талентирани спортисти и ученици од основните училишта од општина Гази Баба, за учебната 2017/2018 година.

– Драги ученици, ваша работа е да учите, да се надградувате, а наша обврска е да ви направиме квалитетни услови за учење и за одвивање на воспитно-образовниот процес. Со квалитетен воспитно-образовен и стручен кадар, со адекватни услови за работа, со мотивирани ученици, доаѓаат и одличните резултати во образованието – се обрати градоначалникот Георгиевски на присутните ученици.

Тој напомна дека во тек е изградба на новото основно училиште „Вера Јоциќ“ во Хиподром, а во план е реконструкција на основното училиште „Крсте Мисирков“ во Ченто, изградба на две училишни спортски сали во Хиподром и Стајковци, како и санација на сите основни училишта.

Стипендии за најталентирани спортисти добија учениците: Петар Давидовски, Ана Пејиќ, Борјан Давковски, Милијана Рељиќ, Елеонора Митковска, Мерис Зверотиќ, Едон Реџепи, Никола Јорданов, Ангела Димитриевски.

Стипендии за најталентирани ученици добија: Марија Петковска, Драган Николовски, Филип Велковски, Павел Наневски, Стефан Савиќ, Ангела Влинтовска, Сара Тошевска, Сања Филиповска, Антонио Илиоски, Марија Филипова, Трингла Емини.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Пропадна планот на Џонсон за брегзитот

Британските законодавци го одобрија предлог-законот на премиерот Борис Џонсон за брегзитот, но одбија да биде усвоен во рок од три...

Свет8 часа

(Видео) Путин и Ердоган го објавија планот за Сирија

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, по средбата со рускиот претседател Владимир Путин, која траеше повеќе од шест часа, соопшти...

Македонија9 часа

Одобрени 60 милиони денари за чистење на линданот во ОХИС

Владата на денешната 160-та редовна седница донесе одлука за одобрување 60.000.000 денари од буџетот за 2019 година за чистење на...

Македонија9 часа

САД го ратификува протоколот за членство на земјата во НАТО

Сенатот на САД попладнево го изгласа протоколот за членство на Македонија во НАТО. За протоколот гласаа 92 сенатори, а двајца...

Топ10 часа

Момче од Швајцарија повредено при пад на Матка

Изутринава, во 8.40 часот, од Ургентниот цетар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека вчера со тешки телесни повреди...

Македонија13 часа

Одбиени барањата на Јанева и Боки 13 за укинување на притворот

Основниот кривичен суд Скопје ги одби барањата за укинување на мерката притвор на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и...

Македонија15 часа

Вучиќ: Дали за косовското прашање ќе добиеме гаранции од ЕУ какви што доби Северна Македонија?

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за австрискиот весник „Стандард“ ја исклучи можноста Белград да го признае Косово во актуелните...

Македонија16 часа

(Видео) Нови вработувања и подобри услови за истражувачка работа бараат од Институтот за хемија

Создаваме способни оформени кадри кои заминуваат во странство бидејќи со години не се овозможуваат вработувања на млади соработници, уловите за...

Македонија16 часа

Ѓоко Поповски повторно доби 9 години затвор за набавката на полициски возила

Судијката Добрила Кацарска попладнево повторно го осуди на казна затвор од 9 години поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, откако...

Македонија17 часа

Вебер: Од Скопје и Тирана баравме многу, а сега вратата им е затворена пред носот

Лидерите на најголемите политички групи во Европскиот парламент едногласно ја осудија одлуката за одложување на преговорите со Северна Македонија и...

Македонија17 часа

Заев: Не треба да го одложуваме пописот, ќе разговараме со директорот за термините

Пописот не треба да го одложиме, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање. Тој најави дека следната недела ќе...

Македонија18 часа

Туск пред пратениците во ЕП: Голема грешка е одлуката за Северна Македонија и Албанија

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска пред пратениците во Европскиот парламент рече дека е голема грешка тоа што не...

Свет19 часа

Нарухито прогласен за јапонски цар, помилувани половина милион осуденици

Јапонската влада помилува околу 550.000 осуденици за помали кривични дела по повод востоличувањето на императорот Нарухито. Одлуката, одобрена од владата...

Свет20 часа

„Фејсбук“ ги објави новите мерки за претседателските избори во САД

„Фејсбук“ најави дека внимателно ќе ги следи „медиумите кои се контролирани од државата“ и се обидуваат да манипулираат со расположението...

Регион20 часа

Грчката полиција изнесе малолетници од кино на филмот „Џокер“

Во Грција изби широка полемика зошто полицијата минатиот викенд изнела малолетници од две кина во Атина, во кои се прикажувал...

Свет20 часа

Торнадо остави неколку илјади домаќинства без струја во Далас

Десетина илјади домаќинства и деловни објекти во Далас останаа без струја поради торнадо што го погоди овој американски град. Ударите...

Регион20 часа

Чавушоглу: Санкциите и заканите нема да нè спречат во офанзивата во Сирија

Меѓународните санкции или закани со санкции нема да ја присилат Турција да ја спречи својата афанзива во Северна Сирија, изјави...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Едногласно ја преименувавме коалицијата во „Обнова на Македонија“

По средбата со коалициските партнери, Мицкоски рече дека едногласно се договориле да го сменат името на коалицијата во „Обнова на...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски на средба со коалициските партнери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во седиштето на партијата е на средба со своите коалициски партнери. Состанокот следува по...

Регион1 ден

Протест пред француската амбасада во Бугарија против одлуката на Макрон за Северна Македонија

Десетици интелектуалци, јавни личности и граѓани се собраа вечерва пред француската амбасада во Софија за да го искажат своето несогласување...

Досие