Daily news
Долговите кон ЈП „Стандард“ од Дебар достигнаа над 1,4 милиони евра
И покрај тоа што во Дебар водата ја има најниската цена во земјава, и таа изнесува 16 денари за кубен метар вода, сепак, семејствата и фирмите не се редовни во наплатата на сметките.
Според директорот на јавното комунално претпријатие „Стандард“, Мазлум Леши, кое стопанисува со водоводот Росоки – Дебар, долговите кон „Стандард“ што ги имаат семејствата и фирмите изнесува над 1,4 милиони евра. Од нив 75 насто се долгови на семејствата.
Поради нередовна наплата на сметките, ЈП „Стандард“, кое е основано од страна на општина Дебар, има бројни проблеми со финансирањето. Над една декада вработените добиваат плата без наплата на придонеси, а возниот парк и депонијата се во мошне тешка состојба. /крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
