Контакт

Daily news

Дополнителни 2 милиона евра за доградба на плоштадот Скендербег во Скопје

Објавено пред

Во предлог-буџетот за 2018 година на Министерството за локална самоуправа се предвидени 125 милиони денари или речиси 2 милиона евра за доградба на плоштадот Скендербег, изјави министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу.

„Врз основа на барањето дополнителни средства за завршување на изградбата на плоштадот Скендербег, Владата донесе заклучок бараните средства во вредност од 125 милиони денари да бидат проектирани и предвидени во буџетот на Министерството за локална самоуправа за 2018 година“, рече министерот.

Тој информира дека Министерството за локална самоуправа во наредната буџетска година предлага буџет во вкупен износ од 443 милиони и 594 илјади денари, кој максимално ги има намалено непродуктивните и нерационални трошења. За сметка на тоа, додаде тој, инвестираме во проекти за рамномерен регионален развој, со кои ќе се поттикнува развојот на планските региони на подрачјата со специфични развојни потреби и на селата.

„Средствата за проекти за рамномерен регионален развој за 2018 година, само во буџетот на Министерството за локална самоуправа се зголемени над 60 проценти, од 131 милион на 211 милиони денари, или 80 милиони денари повеќе во однос на буџетот за 2017 година. Ако се земат предвид и средствата од буџетот на Бирото за регионален развој, орган во состав на Министерството, станува збор за зголемување од 100 милиони денари или приближно 70 насто повеќе средства за проекти што ќе имаат директно влијание врз развојот на планските региони во согласност со степенот на развиеност“, рече Фазлиу.

Министерството за локална самоуправа ќе инвестира и во проекти за прекугранична соработка. Во буџетот за 2018 година се планирани 40 милиони денари за кофинансирање проекти, финансирани од ИПА-програмата на Европската Унија. За поттикнување на прекуграничната соработка и развој на пограничните региони, Министерството за локална самоуправа ги обезбедува средствата за кофинансирање во вредност од 15 отсто за секој одобрен проект, без разлика дали носител на проектот е општина, невладина организација, универзитет или друг непрофитен субјект.

Три милиони денари се наменети за имплементација на локалните акциски планови во единиците на локалната самоуправа, кои се подготвени врз основа на стратегијата за Ромите во Република Македонија, со што Министерството за локална самоуправа ќе ги поддржи општините во мерките за социјална инклузија на ранливите групи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Култура2 минути

Агенцијата за филм ги „ꜱирна“ анимираните „Лефти и Рајти“

Претставници на Агенцијата за филм беа во работна посета во студиото за анимација „Тун Моушн студиос“ за време на процесот...

Македонија9 минути

Учениците од Карпош со континуирана едукација во Природонаучниот музеј

Општина Карпош воспоставува нова форма на соработка со Националната установа „Природонаучен музеј на Република Северна Македонија – Скопје“, со цел...

Македонија34 минути

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија

На Инфективната клиника во Скопје почина 72-годишен скопјанец кај кого лабораториски била потврдена инфекција со вирусот West Nile. Како што...

Македонија46 минути

Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата

Фондот за здравствено осигурување презема конкретни чекори со кои на пациентите со трансплантирани органи ќе им се овозможи лекот Myfortic...

Македонија56 минути

Утре без струја дел од општината Илинден

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за утре се планирани исклучувања на елекетричната енергија поради технички интервенции. Во периодот од...

Македонија1 час

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар. Несериозно и неодговорно е, по...

Свет1 час

Во Франција блокирана забраната за социјални мрежи за деца под 15 години

Францускиот Уставен совет ја блокира забраната за пристап до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години, оценувајќи дека законот...

Црна хроника1 час

Жена физички нападнала 15-годишно девојче пред пешачки премин во Центар

Полицијата постапува по пријава за физички напад врз 15-годишно девојче во скопската општина Центар. Од МВР информираат дека на 13...

Црна хроника2 часа

МВР: Бебе паднало на асфалт откако мајката ја превртела количката, пријава против двајцата родители

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.М. (42) од Прилеп и Б.С. (37) од село во Општина Желино поради постоење...