Контакт

Daily news

Досега нема ниту една пресуда за говорот на омраза, во тек е само една судска постапка

Објавено пред

Законски измени во постојната регулатива во насока на попрецизно дефинирање на говорот на омраза, развивање конзистентен систем на превенција и репресија на делата на говорот на омраза, вклучувајќи и примена на практиката на Европскиот суд за човекови права од страна на правосудните органи, како и итни измени во медиумската регулатива за воведување санкции поради говор на омраза и поттикнување насилство преку аудиовизуелните програми, што регулаторот би ги процесуирал во прекршочна постапка, се само дел од препораките од анализата на МИМ „Ефикасноста на законската регулатива за заштита од говор на омраза“ од авторот Ненад Живановски.

Анализата беше претставена на дебатата „Како до ефикасно справување со говорот на омраза“, на која со свои излагања учествуваа и претставници на граѓанското општество од Македонија и Словенија, како и претставници од адвокатската фела.

Адвокатот Лазар Сандев смета дека Јавното обвинителство е неактивно и не покренува иницијативи во насока на заштита на јавниот интерес, во случаи кога се употребува говор на омраза. Тој посочи дека новинарите и политичарите шират говор на омраза, и предупреди дека тоа ќе се случува сè додека јавното обвинителство не почне да презема соодветни чекори. Сандев ја поддржува идејата за промена на домашното законодавство и упати да се користи праксата што произлегува од Европскиот суд за човекови права, бидејќи во Македонија отсуствува судска пракса во оваа област.

Елена Брмбеска од Хелсиншкиот комитет за човекови права посочи дека според нивното искуство етничката, политичката и сексуалната ориентација и родовиот идентитет се доминантните основи за појава на говорот на омраза.

„Хелсиншкиот комитет редовно се обраќа до Јавното обвинителство, но резултатите се поразителни. Во 2016 година немало ниту една постапка, а во Основниот суд се води само еден случај, кој се уште нема разрешница…“, објаснува Брмбевска. Таа потенцираше дека се соочуваат со сериозни проблеми да закажат состаноци со Јавното обвинителство и изрази сомневање дека или не го препознаваат говорот на омраза или не ја препознаваат границата каде завршува слободата на изразување, а каде почнува говорот на омраза.

Бранкица Петковиќ од Мировниот институт од Љубљана истакна дека и во Словенија законодавството е порестриктивно од самиот Устав, а Јавното обвинителство, исто така, не е многу проактивно, иако процесуира повеќе случаи отколку во Македонија. Сепак, таа посочи дека е потребно да се смени свеста, а граѓанското општество треба проактивно да демонстрира дека ниту еден напад нема да помине неказнет. „Меѓутоа мора да има симбиоза со медиумите. На говорот на омраза треба да му се спротивставиме со повеќе говор дека тој е неприфатлив“, заклучи Петковиќ.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт39 минути

ФИФА покрена постапка против Паредес, можна суспензија од неколку месеци

Леандро Паредес би можел скапо да плати за своето однесување по финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија. ФИФА...

Спорт43 минути

Меси: Болката е огромна.. Ви благодарам… Честитки до Шпанија

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, се огласи по поразот во финалето на Светското првенство. Фудбалерите на Аргентина не успеаја да...

Спорт46 минути

(Видео) Два милиони луѓе ги пречекаа светските шампиони

Два милиони луѓе ја пречекаа шпанската фудбалска репрезентација вечерва на улиците на Мадрид, откако ја освоија титулата на Светското првенство...

Македонија3 часа

Објавено со што е загадена водата во Гостивар, жителите ја пиеле од 25 јуни кога биле поставени пумпи од канал

Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за Тешки дела против животната средина...

Забава3 часа

(Видео) Читач на усни: Трамп ја повторуваше истата реченица на секој шпански играч

Доналд Трамп вчера им го додели трофејот и медалите на победниците на Светското првенство, шпанската репрезентација. Американскиот претседател, исто така,...

Забава4 часа

Зошто утринската прошетка е една од најдобрите навики за здравјето?

Не секоја форма на чување на здравјето мора да биде поврзана со големи промени и напорни тренинзи. Понекогаш една од...

Свет4 часа

Мамдани проверува дали може да го уапси Нетанјаху; Трамп: Нема да биде уапсен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да биде уапсен за време на неговата посета...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Изгледа СДС не знаат што е истрага и доверливост на информации

Изгледа СДС не знаат што е истрага и доверливост на информации, со цел постапката да се компромитира. Или, пак, нивните интереси...

Спорт5 часа

(Видео) Јамал откри што му рекол Меси по финалето: „Неговите зборови вредат колку медал“

Шпанија вчера ја освои својата втора светска титула победувајќи ја Аргентина во финалето на Светското првенство. Фуријата славеше во големото...