Daily news
Дрвена куќа инспирирана од природата
Во шумски предел во западниот дел на американската сојузна држава Вермонт е изградена куќата „Вудшед“, која се состои од две целини со асиметрични коси покриви.
Двата дела на куќата се поврзани со влезниот ходник, кој се отвора кон тераса, а целата градба е поплочена со рециклирани даски од елка и бор, кои претходно биле употребени за изградба на ограда и коњска штала.
Фасадата на „Вудшес“ е изработена од дрво, со што потсетува на стара дрвена куќа, какви што граделе првите европски доселеници во Америка.
Куќата има големи прозорци од кои се пружа поглед кон падината на ридот на која е изградена.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
