Контакт

Daily news

ДС: Да престане насилството

Објавено пред

 

Демократскиот сојуз најостро го осудува упадот и насилството во највисокиот законодавен дом – Собранието на Република Македонија.

„Демократскиот сојуз инсистира на политичка и кривично правна одговорност за инспираторите, организаторите и директните учесници во овие крвави настани.

Насилниот упад е однапред подготвено сценарио и со директно учество на високи раководители од Министерството за внатрешни работи.

Демократскиот сојуз инсистира на кадровски промени во МВР и други надлежни институции кои тотално потфрлија и дозволија насилство над пратеници, новинари, вработени во Парламентот и припадници на полицијата.

Демократскиот сојуз ги повикува сите граѓани будно да ја следат состојбата, но да останат смирени и присебни, да не подлегнуваат на провокации и да не се вклучуваат во протести кои се со висок ризик и да направат сè што е потребно за да се спречи можно натамошно нарушување на јавниот ред и поредок.

Во овие критични моменти за државата, мирот и стабилноста, очекуваме кај лидерите на партиите да преовлада чувството на одговорност и државност и активно да дејствуваат на смирување на состојбите.

Државните институции да профункционираат, да се ослободат од партиските стеги и да обезбедат услови за работа на Парламентот и мирен трансфер на Власта.
За решавањето на кризата Демократскиот сојуз дава приоритет на политичкиот дијалог и разумно однесување од сите кои се инволвирани во овие процеси“, се посочува во соопштението на ДС./крај/мф/кс

Најново

Култура3 минути

Стоечки овации за Ана и Игор Дурловски на „Охридско лето“

Македонската музичка традиција во своето најавтентично и најемотивно издание синоќа одекна на сцената Долни Сарај, каде во рамките на фестивалот...

Спорт6 часа

Спектакл во Мајами – Сака со хет трик ја сруши Франција во последниот меч на Дешан

Англиската репрезентација ја победи Франција со 6:4 во спектакуларен натпревар за 3-то место на СП и го освои бронзениот медал....

Спорт10 часа

Челзи го договори трансферот на Морган Роџерс

Челзи постигна усмен договор со Астон Вила и Морган Роџерс кој ќе стане еден од најплатените играчи. Астон Вила ја...

Црна хроника10 часа

Мајка пријавила дека нејзиниот малолетен син со месеци бил физички малтретиран во Аеродром

МВР истражува случај на врсничко насилство во Аеродром. Мајка од Скопје пријавила дека нејзиниот син со месеци бил физички малтретиран...

Забава11 часа

И по разводот функционираат како тим: Џенифер Гарнер го пофали Бен Афлек дека е одличен татко

Џенифер Гарнер ретко зборува за односот со поранешниот сопруг Бен Афлек, но во ново интервју откри дека тој е „неверојатен...

Црна хроника11 часа

Се превртел багер во Гостивар, тешко повреден 38-годишен маж

Триесет и осумгодишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако багерот со кој изведувал работи се превртел на улицата...

Спорт11 часа

Невремето ги наруши подготовките за финалето: На Шпанија ѝ го откажаа, на Аргентина ѝ го одложија тренингот

Силно невреме со дожд и грмежи ги наруши последните подготовки на Шпанија и Аргентина пред финалето на Светското првенство. Тренингот...

Црна хроника11 часа

Пукано кон објект на фирма во Тетово, пронајдени 11 чаури

Непознати сторители со огнено оружје пукале кон објект на фирма во Тетово, при што биле оштетени објектот и неколку возила....

Црна хроника12 часа

Сопружници од Штип осомничени за напад врз полицаец

Триесет и двегодишен маж е уапсен во Штип откако, според МВР, заедно со својата сопруга физички нападнал полициски службеник додека...