Контакт

Daily news

Единствена Македонија денеска официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Објавено пред

Единствена Македонија денеска во Собранието ќе поднесе иницијатива за донесување одлука за повлекување на одлуката за стапување на Република Македонија во членство во Северно-атланската договорна организација – НАТО, што ја донесе Собранието на седницата одржана на 23 декември 1993.

Единствена Македонија е новото име на партијата Народно движење за Македонија кое лидерот Јанко Бачев го претстави во неделата кога беа избрани и седум нови членови на извршниот комитет на партијата. Партијата најави дека ќе побара повлекување на сите документи за членство на Македонија во НАТО и ќе се залага за сојуз со Русија и влез во Евроазиската Унија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт29 минути

(Видео) Катарецот Куки во 95-та минута ја шокира Швајцарија

Катар и Швајцарија одиграа 1:1, во вториот натпревар од Б групата на Светското првенство. Со ист резулта, вчера заврши дуелот...

Свет2 часа

Трамп на самитот на Г7 ќе се сретне со светски лидери, можна средба и со Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп следната недела ќе учествува на самитот на Г7 во Франција, каде што ќе се сретне со...

Свет2 часа

Трамп објави дека договорот за завршување на војната ќе биде потпишан утре, Иран вели нема да се случи тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека првичниот договор за прекин на војната меѓу САД и Иран би можел да биде...

Спорт3 часа

(Видео) Хаос по мечот Олимпијакос-ПАО, Џонс со бокс го удри Нан

Кошаркарите на Олимпијакос ја одбранија титулата во Грција, со победа над Панатинаикос 89:85 во петтиот натпревар од финалната серија. Сепак,...

Свет3 часа

Германски генерал предупредува: Русија можеби развива технологија за поставување нуклеарно оружје во орбитата

Русија можеби работи на технологија која би овозможила поставување нуклеарно оружје во Земјината орбита, предупреди командантот на германските вселенски сили,...

Свет4 часа

„Никогаш нема да се откажам“ – по изборното фијаско, Орбан доби нов мандат во Фидес

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан повторно е избран за лидер на опозициската партија Фидес, и покрај тоа што на парламентарните...

Свет4 часа

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со Иран, кој, според неговите зборови,...

Свет5 часа

Виктор Орбан повторно избран за претседател на Фидес

Долгогодишниот унгарски лидер Виктор Орбан повторно е избран за претседател на владејачката партија Фидес на 32. конгрес што се одржа...

Свет5 часа

(Фото+видео) Белфаст меѓу немири и повици за единство: илјадници на антирaсистички протест

Околу 3.000 луѓе излегоа на антирaсистички протест во центарот на Белфаст, испраќајќи порака против омразата и насилството по неколкудневните немири...