Daily news
Експерти на УНЕСКО од денеска во инспекција на Охрид
Експертска група на УНЕСКО доаѓа вo Охрид, каде ќе извршат увид на дел од почнатите градби и планираните објекти покрај брегот на Охридското Езеро.
Според најавите експертите на УНЕСКО ќе вршат увид на новите објекти на Плаошник, на хотелот во Лагадин, на проектот експресен пат до Свети Наум, како и на планираниот скијачкиот центар на Галичица.
УНЕСКО на 40. седница во Истанбул изрази сериозна загриженост за иднината на регионот на Охрид поради бројните инфраструктурни проекти кои се планирани, а дел од нив веќе се и во реализација. крај/мф/дм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
