Контакт

Daily news

Енес Ибрахим: За неколку дена ќе има нов собраниски спикер

Објавено пред

 

„За неколку дена ќе има нов претседател на Собранието, а веднаш потоа и ќе се избере новата Влада“, од собранискиот прес-центар рече пратеникот Енес Ибрахим од Партијата за движење на Турците, која е во колација со СДСМ.

„Ние ќе се бориме да го реализираме она што што го очекуваат граѓаните. На повидок е нова влада и наскоро ќе заврши овој циркус кој го предводат ВМРО-ДПМНЕ, со една цел да штитаат една криминална група луѓе“, рече Ибрахим.

Ибрахим обвини и дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ имала двојни стандарди кон граѓаните од турската заедница. Како што рече,во сите сегменти, Турците биле изолирани, игнорирани и затоа ги повика сега ВМРО-ДПМНЕ да ги злоупотребуваат Турците за свои цели.

„Охридскиот рамковен договор за граѓаните од турската етничка заедница никогаш не стана реалност затоа што не се спроведува транспарентно. Бројот на вработени Турци во државната администрација и натаму е далеку од задоволително,односно не е постигната ниту половична бројка од предвидената“, рече Ибрахим.

На новинарско прашање дали со СДСМ е договорена распределбата на мандатите и функциите, Ибрахим рече дека по доделување на мандатот на СДСМ, ќе се разговара кој ќе биде дел од Владата, а ќе се знае и кој ќе биде во вториот и третиот ешалон.крај/мф/гд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет32 минути

Првата хуманитарна помош од почетокот на војната пристигна во Иран

Првата пратка медицински материјали за спасување животи и друга помош пристигна во Иран, првпат од почетокот на војната, објави денес...

Свет1 час

(Видео) Инцидент во полскиот парламент, пратеник го покажа израелското знаме со свастика

Пратеникот од крајната десница Конрад Беркович предизвика инцидент во полскиот парламент кога покажа израелско знаме за време на својот говор...

Свет2 часа

Трамп: Европските лидери би сакале да ја решат војната во Иран, но едноставно не знаат како

САД нема да се вратат во Пакистан за идните мировни преговори со Иран, изјави претседателот Доналд Трамп денес за „Њујорк...

Македонија2 часа

СДСМ: Би сакале ЗНМ да реагира и кога претседател на партија се споредува со убиец на деца

Би сакале ЗНМ да реагира и кога претседател на партија се споредува со убиец на деца, реагира СДСМ на соопштението...

Свет2 часа

Цените на нафтата паднаа под 96 долари

Цените на нафтата паднаа под 96 долари на меѓународните пазари денес, бидејќи инвеститорите беа уверени од сигналите за нова рунда...

Свет2 часа

Американска војска: Ниту еден брод не ја проби нашата блокада во Ормутскиот теснец

Американската војска тврди дека во првите 24 часа од почетокот на поморската блокада на Ормутскиот теснец, ниту еден брод не...

Свет2 часа

Шефот на Мосад: Опериравме во срцето на Техеран, но мисијата продолжува

Израелската разузнавачка агенција Мосад работеше „во срцето на Техеран“ за време на неодамнешната заедничка американско-израелска кампања против Иран, изјави директорот...

Македонија2 часа

Утре претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен...

Македонија3 часа

Хоџа: Усвоен Планот за управување со јагулата, важен чекор за зачувување на нашето природно наследство

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, соопшти дека на денешната седница на Владата е усвоен Планот за управување...