Daily news
ЕУ и САД ги одложија преговорите за забрана на преносни компјутери во авионите
Брисел и Вашингтон не успеаја да се договорат за забраната на преносни компјутери во рачниот багаж во авионите кои летаат од Европа за Соединетите Американски Држави, пренесува Дојче веле.
Во рамките на средбата одржана доцна во средата, 17 мај, во Брисел, високите претставници постигнаа согласност и понатаму да соработуваат во областа на безбедноста на воздушниот транспорт. Исто така, беше донесена одлука преговорите за безбедноста на патниците да бидат продолжени следната недела во Вашингтон.Крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
