Daily news
ЕХФ ја исфрли Грција од ЕП во Македонија
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја исфрли грчката репрезентација до 17 години од Европското првенство кое се игра во Скопје.
Казната на ЕХФ е ригорозна бидејќи младите грчки ракометарки од страна на стручниот штаб беа повлечени од теренот по само 32 секунди на дуелот со Македонија.
Покрај тоа што Грција мора да го напушти првенството ЕХФ определи и парична казна во износ од 25.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
