Daily news
Жена астронаут постави нов рекорд во најдлго поминато време во вселената
Астронаутот Пеги Вајтсон го надмина досегашниот рекорд за поминати најмногу денови во вселената, кој претходно беше поставен од американскиот астронаут Џеф Вилјамс од 534 денови. Таа моментално го држи рекордот за најголема прошетка во вселената изведена од страна на жена астронаут и е првата жена која два пати командувала со Межународната вселенска станица.
Според најавите, Вајтсон ќе биде повика во Белата куќа од страна на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата ќерка Иванка за да и честитаат за постигнатиот рекорд.
Со нејзините 57 години Пеги е и најстарата жена астронаут која оди во вселената.крај/мф/в.д
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
