Контакт

Daily news

(Видео) Жерновски ги посочи тепачите од Центар, адвокатите негодуваа за прашањата на Фетаи

Објавено пред

„Го раскажав она што го доживеав при упадот во Општината. Се надевам дека организаторите ќе одговараат за тоа што го сторија и да не се случи ова никогаш повеќе“, рече поранешниот градоначалник Андреј Жерновски на судењето за насилството во Општина Центар.

Тој претходно општино одговараше на прашањата на обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, за тоа што се случувало во 2013 година на седницата на Советот на која се случи упад во Општина Центар. Според Жерновски, на седницата требало да се поништат тогашните ДУП-ови, односно идејата била да се поништат градбите што не се започнати. Фетаи праша дали тука влегувала и изградбата на црквата „Св. Константин и Елена“, на што тој одговори потврдно.

Фетаи го праша Жерновски чии интереси биле загрозени со поништување на ДУП-овите, а на прашањето реагира адвокатот Дончо Наков бидејќи со прашањето ќе се добие субјективен одговор, нешто што не видел и не чул, без притоа да бидат предочени факти за основаност. По него, приговор имаше и адвокатот Димитар Дангов, кој рече дека прашањето е наведувачко и во оваа фаза од постапката тоа не било дозволено. „Барам мислење од сведокот, а тоа мислење е за нешто што можеби чул или видел, а во однос на забелешките на колегата Дангов, можам да го посоветувам малку подетаљно да прочита за начинот на испитување на сведокот“, рече Фетаи.

Адвокатот Дончо Наков се согласи со прашањето на Фетаи по нејзиното образложение, но судот не го дозволи прашањето бидејќи, според нив, одговорот на сведокот би бил субјективен. Фетаи продолжи со распитот и го праша Жерновски кои градби би биле опфатени и поништени. „Посебен акцент беше ставен на Малиот ринг бидејќи таму беше планиран проектот „Скопје 2014“, рече Жерновски. Тој додаде дека невладината организација „Веритас“ реагирала наводно поради тоа што ДУП-овите ќе го спречеле градењето на црквата „Св. Константин и Елена“, иако тој уште на почетокот на седницата кажал дека со поништување на ДУП-овите нема да се спречат градбите што се започнати.

„Невладината организација ‘Веритас’ не постои и не е запишана во Централниот регистар, ова го констатиравме при пријавата во МВР. Бидејќи беше јасно какво е сценариото, дека има отворен повик за протест, дека се манипулира со граѓаните, притоа дека протестите ќе се одржат пред Општината, го информиравме МВР“, додаде тој.

Жерновски рече дека пред започнување на протестот се собрале граѓани пред бараката на градоначалникот извикувајќи погрдни зборови сакајќи да го спречат почетокот на седницата. Тие извикувале: „Комуњари, излезете надвор, антифашисти, вие ќе рушите црква“. „Во моментите кога се собраа граѓаните имаше викање со обид да се спречи започнувањето на седницата и да се мобилизира повеќе народ. По започнување на седницата, граѓаните почнаа со лупање по прозорците, по што ги отворија“, рече Жерновски.

По низата приговори од страна на странките обвинети за „Шлаканиците во Центар“ и прашањата на адвокатот Дангов дали има визуелно и тонско снимање, судијката Татјана Михајлова рече дека има и ќе повтори уште 100 пати, а дека судот располага со опремата што тој ја гледа, а не со она што тој го гледал во американските филмови.

Во однос на однесувањето на советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Жерновски рече дека тие со низа процедурални забелешки и интервенции се обидувале да го спречат започнувањето на седницата и тоа траело подолг период. Жерновски кажа дека седницата траела до 18.30 часот и била прекината затоа што не постоеле услови за одржување и се обиделе да спречат поголем инцидент, а била јасна намерата на граѓаните што упаднале.

„Седницата беше презакажана за понеделник, а за време на викендот се обидов да ѝ објаснам на јавноста дека немаме намера да го спречиме градењето на црквата со тоа да се спречат манипулациите. Сценариото беше двојно полошо. Имаше повеќе граѓани пред бараките на Општината, буквално од страната кај што седат советниците на СДСМ беа фрлани тврди предмети. За разлика од првиот напад во петокот, во понеделникот МВР не реагира, па граѓаните лесно доаѓаа до бараките и го загрозуваа нашиот живот. Ги прашав некои од полицајците зошто не реагираат, тие ми вратија со цинична насмевка“, рече Жерновски одговарајќи на прашање од обвинителката Фетаи.

Жерновски во својство на сведок рече дека протестите биле насилни и при едно од многуте кршења на прозорците едно парче летнало кон една советничка. „Бараките се тесни, па лесно се слушаат и забележуваат комуникациите. Беше очигледно дека постои комуникација помеѓу советниците на ВМРО и граѓаните што се однесуваа насилнички пред Општината. И кога се создадоа минимум услови за почеток на седницата, протеситите се интезивираа. Рангелова побара од мене да излезам надвор и да се соочам со граѓаните, а целта беше јасна“, рече Жерновски.

Фетаи праша како се смирила ситуацијата, а Жерновски рече дека состојбата била крајно критична бидејќи граѓаните немале намера да се повлечат, а специјалните единици од МВР не реагирале. „Веста за насилничкото однесување и инцидентите беше веќе објавена во медиумите, а кај мене во канцеларијата пристигнаа амбасадори, претставници на ОБСЕ итн. Убеден сум дека инцидентите ќе продолжеа ако тие не контактираа преку свои канали и не повикаа на престанување на ситуацијата. Ние бевме спречени да излеземе од бараката. Имаше чувство на страв и несигурност, загрозени беа нашите животи. Настанот беше пријавен во МВР. И покрај тоа што покажував фотографии од напаѓачите на кои беа и видни луѓе од ВМРО ДПМНЕ, МВР не реагира“, рече тој.

По одговорот на Жерновски, Фетаи праша дали тој знае од кои општини биле демонстрантите. „Во принцип, ги знаеме нашите сограѓани. Меѓу демонстрантите најмалку имаше жители на општина Центар. Покажав и записник од општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ Центар, каде што се разговарало за мобилизација на членството за да дојдат пред Општина Центар. Еден од тие го препознавав, а беше во судницата на претходните рочишта. Тој бил и на други протести на ВМРО-ДПМНЕ и е еден од најжестоките. Тој, наместо антихрист, ме нарече антифашист, што не го сметам за навреда, рече Жерновски, кој всушност алудира на Димче Христов – Жабата од Прилеп. Жерновски препозна уште еден од напаѓачите обвинети за шлаканиците во Центар, кој, како што го опиша, се сликал со видни луѓе на високи функции вклучувајќи го и претседателот Ѓорге Иванов.

На претходните рочишта вина за настаните пред Општина Центар во јуни 2013 признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петтообвинетиот Јордан Ристевски. Во овој предмет обвинети се уште 12 лица, меѓу кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова. Тие се обвинети од СЈО за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред Општина Центар во 2013 година.

Кристијан Ландов

Daily news

Демонстранти во Аргентина бараа да остане во сила законот против абортус

Објавено пред

Неколку стотини луѓе протестираа поради нацрт-закон за укинување на забраната за абортус во Аргентина.

На собирот организиран со слоган „За живот“ тие го осудија нацрт-законот што неодамна е поднесен во парламентот на разгледување.

„Оваа расправа не треба да се одржи бидејќи станува збор за избор помеѓу животот и смртта“, рекоа демонстрантите што носеа плакат „Легално или илегално, абортусот убива“.

Абортусот во Аргентина е дозволен само доколку бременоста е последица на силување или го загрозува животот на жената. Годишно во оваа земја умираат 100 жени поради компликации предизвикани од нелегален прекин на бременоста.

Надлежниот одбор на парламентот ќе расправа за предлог-законот на 20 март, а два месеца подоцна и пленумот. Засега не е извесно дали овој предлог-закон ќе биде усвоен.

Прикажи повеќе...

Daily news

Притворен 23-годишен маж за нападот во Виена

Објавено пред

Австриската полиција соопшти дека притворила 23-годишен маж, осомничен за нападот со нож во Виена, при што беа повредени четири лица.

Порпаролот на полицијата, Патрик Мајерхофер, соопшти дека осомничениот бил притворен набргу кога 20-годишен маж прободен со нож бил хоспитализиран со повреди опасни за живот. Полицијата и понатаму истражува дали истото лице го нападнало и тричленото семејство што синоќа беше избодено во центарот на Виена.

Службените лица не објавија детали за идентитетот на осомничениот.

Во полициското соопштение се наведува дека сите членови на семејството, 65-годишен маж, 56-годишна мајка и нивната 17 годишна ќерка, имаат повреди опасни по живот и се одведени во болница. Нивните имиња не се наведени.

Синоќа непознат напаѓач со нож нападна семејство, по што побегна, а за време на бегството повреди уште едно лице.

Прикажи повеќе...

Daily news

Летовите до Израел ќе поминуваат низ воздушниот простор на Саудиска Арабија

Објавено пред

Авион на „Ер Индија“ денеска леташе помеѓу Њу Делхи и Тел Авив во воздушниот простор на Саудиска Арабија, со што се стави крај на 70-годишната политика на Ријад.

Саудиска Арабија, која не го признава Израел, досега не дозволуваше меѓународни летови кон Израел во саудискиот воздушен простор, но промената на оваа политика може да биде знак на одмрзнување на односите меѓу Израел и кралството, со оглед на тоа што и двете земјите ја делат загриженоста за иранското влијание во регионот.

Во понеделникот израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека индиската авиокомпанија добила дозвола да прелета над Саудиска Арабија, но неговите зборови не беа првично потврдени ниту од Ријад ниту од седиштето на „Ер Индија“.

Новата воздушна линија заштедува околу два часа лет помеѓу Њу Делхи и Тел Авив, а авиокомпанијата планира да спроведува по неколку вакви летови неделно. Не е соопштено дали правото го добиле и други авиокомпании или тоа важи само за авиони на „Ер Индија“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Ротации во Владата – Дескоска оди во Правда, образованието ќе го води Арбр Адеми

Почнуваат ротациите и најавената мини-реконструција во Владата. Според последните информации, владејачките партии СДСМ и ДУИ ќе ги заменат министерствата кои...

Македонија13 часа

Во четврток нова средба за името со медијаторот Нимиц во Њујорк

Во четврток и петок ќе се одржи нова средба за името во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц. Како што информира...

Македонија13 часа

Поради спор со името, ПСК „Чеплес“ четири години одбиван за членство во Федерацијата на планинари

Планинарскиот спортски клуб (ПСК) „Чеплес“ од Велес четири години се обидува да стане член на Федерацијата на планинарски спортови на...

Македонија14 часа

Шекеринска: Со Илинденска Македонија покажуваме дека ниту сме имале ниту ќе имаме територијални претензии

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска смета дека предлогот Република Илинденска Македонија е решение со кое сите од процесот...

Македонија18 часа

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница, му реплицираат од Владата на Ципрас

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница кое се повикува на конкретни датуми од минатото и е реална можност...

Македонија20 часа

Грчките политички лидери не го прифаќаат предлогот за решавање на спорот за името

Грчката влада соопшти дека предлогот за решавање на спорот околу името на Македонија треба да содржи географскa или временска одредница....

Македонија1 ден

(Видео) Иванов: Став за новиот предлог ќе изградам откако ќе го добијам на писмено

Се додека не добијам писмена достава за она што се разговарало на средбите помеѓу Македонија и Грција во врска со...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа промена на името и Уставот

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот од минатото дека нема да поддржи промена на Уставот и промена на уставното име, рече лидерот...

Македонија1 ден

(Видео) Република Илинденска Македонија е предлогот за името

По денешната лидерска средба премиерот, Зоран Заев, во изјава за медиумите обелодени дека предлогот за кој разговарале со неговиот грчки...

Македонија2 дена

(Видео) Угриновски по трет пат избран за претседател на Федерацијата на планинари

Јовица Угриновски попладнево по трет пат е избран за претседател на Федерацијата на планинари.  Тој беше единствен кандидат за оваа...

Македонија2 дена

Мицкоски: Да се обединиме против злото, а тоа е Зоран Заев

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите алатки кои што му стојат на располагање да се бори против оваа ненародна власт и...

Македонија2 дена

Група граѓани со транспаренти и патриотски песни ги пречекуваат учесниците на лидерската средба

Група граѓани со транспаренти и пеејќи патриотски песни ги пречекуваат лидерите на партиите кои денеска попладне во Клубот на пратеници...

Свет2 дена

(Во живо) Кралската свадба на принцот Хари и Меган

Меган Маркл официјално ќе стане дел од британското кралско семејство. Церемонијата ќе се одржи напладне во Сент Џорџ капелата и...

Свет2 дена

(Видео) Сe е подготвено за спектакуларната кралска венчавка 

Камерите и фотоапаратите на светските медиуми викендов се свртени кон најголемиот настан за кралското семејство, венчавката на принцот Хари и...

Економија3 дена

(Видео) Тасева обвини дека проблемот во „Фени“ е поголем од оној во „Скопје 2014“, бара државните институции да го испитаат

Стечајната судијка на „Фени“ направила формална повреда на Законот за стечај оти не го отфрлила планот за реорганизација на комбинатот...

Култура3 дена

Петиција против пазарењето со културата – Не шуткајте нè во невидливи ќошиња

Интензивни реакции на социјалните мрежи по шпекулациите дека Владата преговара со Беса за ресорот култура. Оваа информација не ја потврдија...

Македонија3 дена

Грујевски и Бошкоски нема да бидат екстрадирани, одлучи Врховниот суд во Атина

Горан Грујевски и Никола Бошкоски нема да бидат екстрадирани во Македонија за да им се суди за децениското нелегално прислушување. Врховниот...

Македонија3 дена

Од Владата не коментираат за Република Илинденска Македонија

Република Илинденска Македонија неофицијално е последниот предлог за решение на спорот за името за кој вчера во Софија дискутирале премиерите...

Македонија3 дена

„Катимерини“: Името Илинденска Македонија е предлог на ФИРОМ

Името Илинденска Македонија (што означува два историски настана од 1903 и 1945 година), според информациите што доаѓаат од страна на...

Македонија3 дена

Јанушев: Итна лидерска средба за името, Заев да каже кои се опциите што ги договорил со Ципрас

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека изминатите денови неколкупати јавно побарале од премиерот Заев одржување лидерска средба во врска со името, но...

Досие