Контакт

Daily news

Живко Митревски побара оставка од министерката Мила Царовска

Објавено пред

Живко Митревски ја обвини министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, за обид за незаконска смена на раководството на Сојузот на синдикатите на Македонија. Тој побара оставка од Царовска и соопшти дека против неа е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувањето.

„Новиот обид за промена на раководството на ССМ од страна на министерката за труд, Мила Царовска, и од страна на партијата што ја застапува е резултат на константниот притисок и уцени врз раководството на ССМ да биде пасивизирано и да не се бори за работничките права, а посебно да се пасивизира борбата за барање повисоки плати и во јавниот сектор, плати за администрацијата, војската, полицијата, правосудството и другата администрација, борбата за репрезентативен социјален дијалог и слични притисоци што не им успеваат“, рече Митревски.

Тој рече дека и претходната министерка, Фросина Ременски,  со фалсификувани документи на ист начин направила обид за насилна смена.

„Сојузот на синдикатите на Македонија сака да го информира членството да биде спокојно бидејќи ваквата насилна промена не може да се случи затоа што постои наредба од ОЈО да се спречат сите обиди за промена на претседателот на ССМ и неговото раководството, постојат два заклучока на Централен регистар, со кои се прекинува секаква постапка за менување на претседателот на ССМ, а исто така постои решение на Управниот суд со кое предлогот за промена на друго лице во ССМ се одбива. Со сите овие дејства што ги презема, министерката за труд, Мила Царовска, не само што прави директно кршење на законот и на меѓународните конвенции туку им се спротивставува и на судските одлуки и на судската власт и сака дури да врши влијание врз судовите, институциите и Централниот регистар“, рече Митревски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Забава6 часа

Најскапата фотографија на денот: „Моќта е во косата“

Една фотографија, двајца фудбалски великани и милиони реакции. Златан Ибрахимовиќ објави фотографија на Инстаграм на која стои лице в лице...

Забава6 часа

Мадона влезе во историјата на Билборд топ листите со новиот албум

Мадона уште еднаш го потврди својот статус на Кралица на попот со освојувањето на првото место на Билборд 200 топ...

Македонија7 часа

Јанев од Кочани: Бегството од полициска станица е сeриозен инцидент, ова е недозволиво

Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности...

Спорт7 часа

ПСЖ сериозно заинтересирани за голманот на Парма

ПСЖ е заинтересиран за голманот на Парма, Заион Сузуки, објавуваат италијанските медиуми. „Газета дело Спорт“ пишува дека двократниот последователен шампион...

Македонија7 часа

(Видео) Спасовски: Навреди кон пратениците на СДСМ, бараме извинување од Гаши

Оливер Спасовски, координатор на СДСМ, изјави дека на денешната седница имало нервоза и навреди кон пратениците на СДСМ и побара...

Спорт7 часа

Родри: не е добра опција да се надигруваме со Франција

Капитенот на европскиот првак Шпанија, пред полуфиналниот натпревар со Франција, на Светското првенство, им порача на соиграчите да бидат претпзливи....

Спорт7 часа

Европскиот првак ќе се засили со Лукас Дињ

Фудбалерот на Астон Вила, Лукас Дињ, ќе стане првото засилување во летниот преоден рок на двократниот европски шампион Пари Сен...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче: Од оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо

Мицкоски нема ниту еден резултат, ова е една реконструкција која е само замена на имиња, едни луѓе со други, oд...

Спорт7 часа

Манчестер Јунајтед донесе фудбалер на Челзи за 58.000.000 евра

Додека ги финишира преговорите со Јури Тилеманс и Астон Вила, Манчестер Јунајтед го официјализираше своето прво засилување за сезоната 2026/27....