Daily news
Заев во Њујорк ќе има средби со високи функционери на ЕУ
Премиерот Зоран Заев во рамките на активностите за време на годинешното Генерално собрание на ОН денеска ќе учествува на Глобалниот бизнис-форум на „Блумберг“ на кој ќе учествуваат шефови на држави и влади, како и претставници на најголемите светски компании.
Во текот на денот премиерот Заев ќе има билатерална средба со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, а ќе присуствува и на вечерата што ја приредува високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини.
Шефот на владината делегација во Њујорк, премиерот Заев, ќе присуствува и на приемот во организација на премиерот на Хрватска по повод 25-годишнината од членството на оваа земја во ОН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
