Daily news
Заев дочекан со овации пред партиското седиште
Неколку стотици приврзаници ги пречекаа вечерва околу полноќ претседателот на СДСМ Зоран Заев и пратениците од оваа партија пред партиското седиште во Скопје.
Скандирајќи „Зоки, Зоки“, присутните сакаа да се поздрават со Заев, кој со крвава кошула и завој околу главата им отпоздравуваше на присутните. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
