Контакт

Daily news

Заев на средба со Бејли: Очекувам Иванов да ја исполни уставната должност, ќе формираме реформска Влада на сите граѓани

Објавено пред

 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски денеска се сретна со амбасадорот на САД, Џес Бејли, со кого заедничко констатираа дека неопходно е демократските процеси да продолжат со формирање на новата реформска Влада, којашто ќе обезбеди стабилност во државата и перспективи на Македонија кон НАТО и ЕУ, а со тоа и квалитетен живот за сите граѓани, соопштуваат од СДСМ.

 

„Парламентарното мнозинство по изборот на новиот собраниски претседател, ги презема следните чекори согласно Деловникот, Уставот и законите во процесот за формирање на новата реформска Влада. Очекуваме Ѓорге Иванов да постапи согласно уставните задолженија и да го даде мандатот“, рече Заев.

 

Претседателот на СДСМ додаде дека СДСМ е посветена да ги реализира сите преземени обврски кон граѓаните за економска стабилност и развој на Македонија. „Новата Влада ќе ги спроведе потребните реформи и ќе обезбеди, за сите граѓани, без разлика на политичката, етничката или каква било друга припадност, сигурна иднина, во праведна и унитарна Република Македонија. Иднината на Македонија се НАТО и Европската унија и одлучни сме да работиме на вредностите што водат кон тие интеграции“, рече Заев.

 

На средбата е осудено насилството во Парламентот и е констатиртано дека сите политички субјекти мора да бидат на ниво на одговорноста и да овозможат мирен трансфер на власта и заштита на граѓанските и државните интереси, заклучуваат од СДСМ./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Свет3 минути

(Видео) Ураган од категорија 5 се движи кон Хаваи – жителите очекуваат поплави

Жителите на Хаваи се соочуваат со сериозна закана бидејќи ураганот Лоуел се засили до бура од категорија 5 и се...

Забава9 минути

(Фото/Видео) Таа беше и останува дива

Џина Дејвис се појави на Филмскиот фестивал во Венеција и ги остави сите без зборови. Нејзиниот препознатлив шарм не избледе...

Спорт16 минути

(Видео) Атлетико настрада во Баскија

Атлетико Мадрид, кај имењакот од Баскија, Атлетик Билбао го доживеа првиот пораз во сезоната. Баските славеа убедливо со 3:0. Четата...

Спорт23 минути

(Видео) Елверсберг во Менхенгладбах од 3:1 до 3:4

Фудбалерите на Елверсберг продолжија да ја пишуваат најдобрата приказна на почетокот од новата сезона во Бундеслигата. Со спектакуларен пресврт ја...

Спорт34 минути

(Видео) Халанд погоди за триумф на Сити, Палас по пресврт го победи Фулам, Тотенхем и во третиот меч не постигна гол

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Ковентри со 1:0 во 3. коло од Премиер лигата. Домашниот тим поведе во 26....

Забава49 минути

Ќе ја сретнат својата сродна душа до крајот на 2026 година: Само еден знак ќе го оствари овој сон

До крајот на годината, ѕвездите ќе бидат особено поволни за еден хороскопски знак, кој би можел да запознае нова љубов...

Забава1 час

(Фото) Алкараз во врска со секси русокоса? Нејзините фотографии во бикини го засенија Отвореното првенство на САД

Сите пишуваат за потенцијалната девојка на Карлос Алкараз, и иако нема официјална потврда за тоа, нејзината популарност расте од ден...

Забава1 час

Чини малку, но прави чуда: Моќно решение поради кое сите растенија цветаат „како луди“

Раствор за наводнување на цвеќиња од околу 50 денари ги обновува зелените лисја и бујните цвеќиња. Состојките се во секој...

Забава2 часа

(Фото/Видео) Најбараната убавица блесна во винтиџ фустан: По голите изданија – ова е сензација

Кендал Џенер за прв пат прошета по црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција, а нејзиното деби дефинитивно ќе се...