Daily news
Заев : Ја унапредивме употребата на јазиците на сите заедници
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека со Законот за употреба на јазиците Владата ја унапредила употребата на јазиците на сите заедници, а сите одредби во законскотоо решение се согласно Член пет од Уставот на Република Македонија.
На прес-конференција од Охрид, Заев потенцираше дека пакетот сега е испратен до Парламентот, а потоа откако ќе биде усвоен, Владата ќе го испрати пред Венецијанската комисија.
– Со Законот ќе се прошири употребата на службениот јазик што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните, што значи дека во институциите, граѓаните ќе говорат на свој јазик, рече Премиерот.
Тој исткна дека со понудените законски решенија „се затвораат одредени прашања во интерес на граѓаните“.
– Го ветивме овој закон како дел од нашиот концепт „Едно општество за сите граѓани“, кој ја има поддршката од сите граѓани и сметаме дека со неговото усвојување покажуваме дека нема од што да бегаме. Владата покажува дека води сметка за сите бидејќи се определи за нови политики кои ја градат Македонија како граѓанска држава на сите што живеат во неа – рече премиерот Заев.
Тој додаде дека во иднина употребата на јазиците ќе зависи исклучиво од законот, а не од тоа кој раководи со институцијата.
– Ако некој граѓанин има право да зборува на својот мајчин јазик, со тоа не губат другите граѓани, а добива Македонија како граѓанска и демократска држава – додаде премиерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
