Daily news
Замрзнат имотот на Мадуро во САД
САД одредија правосудни и финансиски санкции за претседателот на Венецуела, Николас Мадуро. САД го нарекоа Мадуро диктатор по крвавите избори за уставотворното собрание, кое се одржаа во неделата.
„Незаконските избори во неделата потврдија дека Мадуро е диктатор кој не ја почитува волјата на народот на Венецуела“, нагласил министерот за финансии на САД.
Инаку, Министерството за финансии на САД најави дека ќе биде замрзнат имотот што Мадуро го поседува во САД.
„Со санкциите против Мадуро, САД јасно потврдија дека се против политиките што ги спроведува неговиот режим и јасно му ја даваат својата поддршка на народот на Венецуела, кој сака демократијата да се врати во земјата“, дополнил министерот.
Ова е првпат американската администрација претседателот на Венецуела јавно да го нарече диктатор. н.ц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
